Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Собранието заврши интервјуирањето на кандидатите за членови на ДКСК
Македонија

Во Собранието заврши интервјуирањето на кандидатите за членови на ДКСК

26/11/2023

AA

Во Собранието на Република Северна Македонија вечерва заврши интервјуирањето на кандидатите за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. За новиот состав на Антикорупциската комисија беа пријавени 42 кандидати.

Претседателката на Комисијата за селекција на кандидати Фаница Николоска за МИА изјави дека интервјуто траеше три дена. – Сите кандидати се појавија на интервјуто, освен една кандидатка која поднесе известување до Собранието дека ги повлекува документите, односно дека ја повлекува пријавата, рече Николоска за МИА.

Таа појасни дека за секој ден биле предвидени по 14 кандидати. Првиот ден поминале 15 кандати бидејќи еден кандидат поднел молба да биде прв поради службено патување. Вториот ден имало 12 кандидати, а денеска 14 кандидати.

Комисијата за селекција на кандидати има обврска да се состане во рок од три дена и да направи ранг листа или да ги бодува кандидатите.

– Законската обврска е дека најдоцна до вторник треба да биде објавена ранг листата. Во вторник Комисијата за селекција ќе ја изготви ранг листата, која ја доставува до Комисијата за избори и именувања, која ја утврдува и во рок од два дена му ја доставува на Собранието. На Собранието му се предлага целосна листа, нагласи Николоска.

По спроведените интервјуа, Николоска изјави дека имале квалитетни кандидати, од различни професии, со долгогодишно работно искуство, како и помлади кандидати и пензионери.

На интервјуирањето на кандидатите денеска во Собранието беа присутни пратеници од опозицијата и власта како и невладини организации, здруженија.

Комисијата за селекција на кандидатите беше формирана на 14 овој месец согласно Одлуката на Собранието за објавување јавен оглас за избор на претседател и членови на ДКСК.

Мандатот на актуелните членови на Комисијата – Билјана Ивановска, Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Шемси Салаи истекува на 7 февруари следната година и тие немаат право на повторен избор. Новата комисија треба да почне да функционира на 8 февруари следната година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45876
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27 СТЕПЕНИ Есента покажува различни лица

29/09/2026

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, Македонија ја очекува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од

29/09/2026

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со порака од Скопје до Брисел

29/09/2026

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy