Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РОДИТЕЛИТЕ НА СУДИЈАТА РИСТОВ ПРОДАЛЕ НИВА ЗА 400.000 ЕВРА Бранителот Давидовиќ ќе докажува дека соѕиданите 350.000 евра не се на судијата Ристов
Македонија

РОДИТЕЛИТЕ НА СУДИЈАТА РИСТОВ ПРОДАЛЕ НИВА ЗА 400.000 ЕВРА Бранителот Давидовиќ ќе докажува дека соѕиданите 350.000 евра не се на судијата Ристов

23/01/2026

AA

Одбраната на апелацискиот судија Ѓоко Ристов ќе докажува дека тој нема никаква врска со соѕиданите 350.000 евра, кои беа пронајдени во домот на неговите родители во Неготино, односно, со финансиско вештачење ќе докаже дека парите се на таткото и на мајката на Ристов, а потекнуваат од продаден имот за фотоволтаици, вреден 400 илјади евра.

– Она што Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го премолчува е дека родителите на осомничениот пред извесен период продале имот со право на градба и поставување на фотоволтавици. Договорот е нотарски заверен, а парите во износ од преку 400.000 евра се уплатени на сметката на мајката на осомничениот. Постојат и други извори на приходи на таткото и на мајката на осомничениот, кои ќе бидат детално образложени во вештиот наод и мислење кој за одбраната ќе го изготви вештак од областа на финансиите – вели адвокатот Звонко Давидовиќ за „Слободен печат“.

Тој тврди дека Обвинителството не излегло со ниту еден доказ против судијата Ристов и дека само ја „храни јавноста, ја замаглува вистината и прави конструкции“.

Како аргумент плус дека парите не се на судијата тој го споменува тоа што на записникот за извршен претрес бил потпишан неговиот татко Здравко Ристов, а од судијата Ристов не е одземен ниту еден денар.

– Уште пред десетина дена е извршен претресот во домот на Ѓоко Ристов и во неговата викендица, и не е најдено ама баш ништо. Тие 350.000 евра со кои Обвинителството калкулира и се обидува да докаже постоење на кривично дело Противправно стекнување и прикривање имот, се најдени во домот на родителите на осомничениот во Неготино, 100 километри од неговото место на живеење. Дури и обвинителството во сите изјави, а и официјални документи поднесени до судот, не дава ниту еден доказ дека парите се на Ѓоко Ристов. Има само голо и непоткрепено усно тврдење на ОЈО ГОКК – вели Давидовиќ.

Адвокатот ги анализира и кривичните дела што обвинителството му ги става на товар, Противправно стекнување и прикривање имот и Перење пари и други риноси од криично дело.

– Осомничениот е судија и истиот не е ниту службено, ниту одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице што располага со државен капитал и оваа одредба воопшто не може да се примени на судија или обвинител. Судот, во кој е вработен осомничениот не е јавна установа, не е јавно претпријатие ниту е правно лице кое располага со државен капитал, па тоа ваквата квалификација и тврдењата на ОЈО ГОКК ја прави апсурдни. Осомничениот има обврска да ја пријави својата имотна состојба и на членовите на своето семејство. Согласно Законот за семејство членовите на неговото семејство се сопругата и децата, а родителите кои живеат посебно и во друг град не се и судијата нема никаква обврска за пријавување на нивниот имот. Сите роднини кои не живеат заедно со осомничениот во семејна заедница се членови на фамилијата, а не на семејството. За кривичното дело Перење пари, сè што можам да кажам е дека е просто неверојатно тврдењето дека пари заѕидани во ѕид на куќа се пуштени во оптек и во финансиските текови за воопшто да можеме да разговараме за постоење на ова дело – вели адвокатот.

ОЈО ГОКК вчера на брифинг информираше дека пронајдените 350.000 евра соѕидани во кујната во домот на родителите на апелацискиот судија Ѓоко Ристов засега не се поврзани со ниедно конкретно кривично дело за примање поткуп или тргување со влијание. Истрагата која е во тек допрва треба да открие од каде му се парите на осомничениот судија, кои секако не можел да ги стекне од платата, информираше предметната обвинителка Искра Хаџи Василева.

СЀ ТРГНАЛО НАОПАКУ КОГА СЕ ПОЈАВИЛ ЃАВОЛОТ Соѕиданите 350.000 евра засега не се поврзани со конкретен поткуп

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници

21/09/2026
Македонија

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7

21/09/2026
Македонија

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН

21/09/2026
Македонија

МЕРКО КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА ЗА ПЛОЧАТА ПРЕД ОПШТИНА СТРУГА

21/09/2026
Македонија

„ИМАМ ПРАВО НА ЛИЧЕН СТАВ ЗА ПРЕСУДАТА НА ХАШИМ ТАЧИ“

21/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ ЧЕШЛА И НА ИСТОК Петмина паднаа со марихуана

21/09/2026
Македонија

СЕ ИСКАЧУВАА 15 ЧАСА ЗА ДА ГО РАЗВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

21/09/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ СТРУМИЦА Пешак загина откако бил удрен од „ренџ

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45712
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници е јасен, СДСМ ја замајува

21/09/2026

Со измените во Законот за пратеници се забранува пратеник да има двојно државјанство, такашто лагите на СДСМ се демантираат. СДСМ

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7 степени повисоки од просекот

21/09/2026

Август 2026 година бил екстремно топол и претежно сушен во најголем дел од државата, покажуваат мерењата и набљудувањата на метеоролошките

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН ВО „ПУЛС“ Тројца гости сведочеа

21/09/2026

Сведок на рочиштето против 13 полицајци денеска сведочеше дека еден полицаец одбил да им помогне на повредените во пожарот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy