Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ројтерс за средбата во Охрид: Лидерите на Косово и Србија пристигнаа на разговори поддржани од ЕУ за договорот за нормализирање на односите
Македонија

Ројтерс за средбата во Охрид: Лидерите на Косово и Србија пристигнаа на разговори поддржани од ЕУ за договорот за нормализирање на односите

18/03/2023

AA

Косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ денеска пристигнаа во Северна Македонија на нова рунда разговори со претставници на ЕУ за спроведување на договорот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.

Агенцијата Ројтерс пишува дека двајцата лидери ќе одржат одделни состаноци со шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, пред трилатералната сесија и прес-конференцијата што се очекува подоцна во текот на денот.

„Јас сум оптимист“, рече Курти во пресрет на средбите што се одржуваат во Охрид покрај езерото во Северна Македонија.

„Дојдов овде со добра цел, со добра волја и со доверба дека она што беше претходно договорено…ќе продолжи овде преку разговорите за планот за имплементација и на овој начин да имаме конечен договор за нормализацијата“, додаде Курти.

Косово и Србија минатиот месец во Брисел се согласија за договор поддржан од Западот за нормализирање на односите, по речиси 10 години дијалог со посредство на ЕУ за време на кој беше постигнат мал напредок. Сепак, сè уште е потребен договор за анекс за спроведување на планот, кој ќе биде во фокусот на саботните разговори, наведува агенцијата.

„Очите на ЕУ и Западен Балкан денес се вперени во Охрид“, напиша Борел на Твитер.

Уставот на Србија го смета Косово за интегрален дел од нејзината територија, иако тоа прогласи независност во 2008 година. Белград и Приштина треба да ги поправат билатералните врски за да ја постигнат својата стратешка цел за пристапување во ЕУ.

„Сакам да предупредам дека можеби нема да имаме конечен договор“, изјави Габриел Ескобар, висок американски дипломат за Западен Балкан, кој исто така присуствува на разговорите во Охрид, за приштинската станица РТВ21.

„Ќе работиме на финализирање на анексот, но очекувам голем напредок“, додаде тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy