Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РКМ НА КАПУШЕВСКИ И СУЛКОСКИ НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД ПРИХОДИТЕ ГИ ОСТВАРИЛ ОД ЕДНО МЕСТО:Еве ги деталите
Економија

РКМ НА КАПУШЕВСКИ И СУЛКОСКИ НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД ПРИХОДИТЕ ГИ ОСТВАРИЛ ОД ЕДНО МЕСТО:Еве ги деталите

26/10/2023

AA

Термоелектраната во Неготино лани купила мазут за пет милијарди денари (околу 82 милиони евра), покажува извештајот од работењето на ТЕЦ-от за минатата година што го објави на својата веб страница. Произведената струја што му ја предал на АД ЕСМ чинела 91 милиони евра, а на крајот добивката била 1,34 милиони евра.

По ова излегува дека РКМ на Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски повеќе од две третини од своите приходи ги има остварено од продажба на мазут за ТЕЦ Неготино, ако се знае дека оваа компанија лани беше единствениот снабдувач со овој дериват на повиците за  термоелектраната. 

Пресметани по овој сооднос, околу 74 отсто од приходите на РКМ зависеле од работењето на ТЕЦ Неготино. На веб страницата на компанијата пишува дека снабдува и индустриски капацитети на територијата на Западен Балкан и дека освен мазут, тргува и со природен гас, битумен и петролеум кокс.

РКМ лани беше многу актуелен во јавноста како снабдувач со мазут на ТЕЦ Неготино, издигнувајќи се како еден од најголемите трговци со деривати. За 2022 со 7 вработени направи приход од 111 милиони евра и оствари профит од 6,2 милиони евра.

ТЕЦ Неготино во 2022 остварил за дури 1.111 отсто поголеми приходи во однос на една година претходно, кога започна енергетската криза, и произвел повеќе од 412.000 мегаватчасови електрична енергија. Само една година претходно не биле потрошени ниту 5 милиони евра за купување на мазут, а до 2021 треба да се знае дека ТЕЦ Неготино не беше вклучен од 2009. Висината на приходите на РКМ ја следат самата динамика на работењето на електраната за ова време.

Енергетската криза на голема врата го врати мазутот како енергенс за производство на струја. Минатата година за ТЕЦ Неготино во два наврати беа распишани јавни повици за набавка на 150.000 тони и потоа во октомври 2022 од 190.000 тони мазут. 

ТЕЦ Неготино за ова година планира да потроши дури 210 милиони евра за мазут.

А.К.

РКМ НА КАПУШЕВСКИ И СУЛКОСКИ НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД ПРИХОДИТЕ ГИ ОСТВАРИЛ ОД ЕДНО МЕСТО:Еве ги деталите

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Возачот на ЈСП во пламен го возел автобусот за да

30/08/2026
Македонија

Гори двокатен автобус на Средно Водно

30/08/2026
Македонија

Куќата на Ивана Кнез за малку ќе изгореше во пожар:

30/08/2026
Македонија

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови

29/08/2026
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
Македонија

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв

29/08/2026
Македонија

Мотоцикл на МВР се судри со „Ауди“ во Пробиштип, повреден

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45335
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Возачот на ЈСП во пламен го возел автобусот за да го однесе на безбедна локација

30/08/2026

Автобус на ЈСП Скопје, кој сообраќал на линијата број 25 кон Водно, бил зафатен од пожар, но во инцидентот нема

Гори двокатен автобус на Средно Водно

30/08/2026

Чадот кој е видлив од Скопје на планината Водно е од запален двокатен автобус, соопшти директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

Куќата на Ивана Кнез за малку ќе изгореше во пожар: „Во прашање беа 20 секунди,

30/08/2026

Модната креаторка Ивана Кнез на социјалните мрежи откри дека нејзиниот дом за малку ќе бил зафатен од пожар кој се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy