Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РКЕ предложи нови тарифи за водата во Скопје – сметките може да останат исти или да се зголемат за 29,5 денари месечно
Македонија

РКЕ предложи нови тарифи за водата во Скопје – сметките може да останат исти или да се зголемат за 29,5 денари месечно

02/03/2023

AA

Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која предложи нова максимална и минимална тарифа за цената на водата во Скопје и доколку се прифати максималната, водата ќе поскапи за 29,5 денари на месечно ниво, а ако се прифати минималната цената би останала речиси иста. Одлуката, најави денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, ќе биде доставена до Водовод -Скопје чиј Управниот одбор ќе донесе заклучок за којшто ќе треба да гласа Советот на Град Скопје. Целата постапка за одлучување треба да биде завршена во рок од 150 дена.

-Постоечката цена за домаќинствата изнесува 31,87 денари. Со нашата одлука минималната тарифа предлагаме да изнесува 31,53 денари, тоа е одредено минимално намалување кое што се должи на фактот што помошта која што ќе се дава со пониска цена на електрична енергија ќе продолжи и во следниот период, а максималната тарифа изнесува 34,82 денари. Минималната тарифа е пониска од постоечката, а максималната е повисока за девет проценти. Ако се прифати максималната тарифа може да има зголемување, притоа месечниот трошок ако се прифати максималната тарифа би значел зголемување од 29,5 денари на месечно ниво. Сметам дека 29,5 денари или 30 денари не претставува никаков проблем за претпријатијата, односно за граѓаните. Тоа се само 30 денари на месечно ниво, тоа е доколку се реши Водовод и канализација Скопје понатака и Советот да се прифати максималната тарифа, објасни Бислимовски.

Тој нагласи дека кога одлучуваат за трошоците кај комуналните претпријатија не ги признаваат неоправданите, односно ги признаваат исклучиво економски оправданите трошоци со цел граѓаните да плаќаат за трошоци коишто мора да ги има секое претпријатие.

-Притоа кога ќе ги носиме нашите одлуки во наредниот период ќе водиме сметка тие да бидат во рамките коишто ќе може да овозможат да не се политизира прашањето со цените на водните тарифи, рече Бислимовски.

Претседателот на РКЕ посочи дека откако предлогот ќе биде доставен во Скопски водовод тие имаат право врз основа на рангот меѓу минималната и максималната тарифа да донесат своја одлука која што потоа ја доставуваат до Советот на Град Скопје на одобрување.

Тој потенцираше дека со минималната тарифа можно е да има намалување на цената на водата и дека тоа зависи во крајна линија од Водовод и канализација и од Советот на Град Скопје.

-Доколку се решат за минималната тарифа нашата предложена минимална тарифа е одредено намалување на цената на водата во Градот Скопје. Најголем дел од претпријатијата коишто поднесуваат барања до РКЕ поднеле барање поради тоа што имаат зголемени трошоци за електрична енергија и во најголем дел од нивните барања овие трошоци за електрична енергија кога си ги препресметувале претпријатијата ја земале во предвид цената на електрична енергија на берзата ХУПЕКС. За среќа, во изминатиот период имаме цена на електрична енергија кај овие јавни комунални претпријатија која што ја обезбедува ЕСМ Продажба и истата изнесува 95 евра за мегават час што придонесе да се среди ситуацијата кај јавните комунални претпријатија имајќи во предвид дека месеците август и септември беа критични кај нив. Имаше јавни комунални претпријатија коишто беа на слободниот пазар и нивните трошоци за електрична енергија на месечно ниво беа поголеми од вкупните приходи коишто би ги остварило една претпријатие, рече Бислимовски и доаде дека во целиот овој процес сите јавни комунални претпријатија коишто членуваат во нивното здружение АДКОМ добија целосна поддршка од РКЕ која беше меѓу иницијаторите овие јавни комунални претпријатија да добијат цена на електрична енергија со која што би влијаела на подобрување на ликвидноста на овие претпријатија.

Тој посочи максималниот рок во којшто треба да заврши целата постапка е 150 дена.

-Значи, оваа наша одлука во моментов нема да се имплементира. Таа треба да помине низ органите за одлучување во Водовод и канализација и нивниот Управен одбор треба да достави предлог до Советот на Град Скопје. Од денот на носење на нашата одлука до носењето на конечната одлука на Советот на Град Скопје максимумот е 150 дена, рече Бислимовски.

Тој, осврнувајќи се на другите комунални претпријатија во земјава, рече дека сите имаа одреден недостиг на средства заради зголемените трошоци, но оти треба да се испрати сигнал и кај овие комунални претпријатија да ја подобрат својата ефикасност.

-Не може целиот товар да го префрлиме кај граѓаните поради тоа што би се зголемила нивната цена за водни услуги. Секој треба да си преземе одговорност во целиот дел и фактот од којшто не можеме да бегаме сите овие јавни комунални претпријатија во државата се превработени. Јас само би сакал да ви дадам еден пример во електродистрибуција, компанија која што прави дистрибуција на електрична енергија во целата држава работат околу 1 750 вработени. Јас ви гарантирам ако ги земеме петте најголеми града во државата во овие водоводни претпријатија работат околу 5 300 до 4 000 луѓе. Секој си определува колку се потребни, ама јас не верувам – тоа е мрежна услуга, индикатор има, треба да се внимава дека ако може една дејност како што е дистрибуција на ниво на една цела држава со 1 700 до 1800 луѓе потребно е кај јавните водоводни и комунални претпријатија да се подобри ефикасноста во работењето, нагласи Бислимовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy