
Ристовски и Трнава запрени на гостувањето во Летонија
Словачкиот претставник уште рано тргна да ја реализира фаворитската улога, поведувајќи во осмата минута, со голот на Коса. Сепак, работите фатија проблематичен тек откако Аргентинецот Горосито доби два жолти картона во рок од 16 минути.
Веќе по 35-тата, Трнава мораше да игра со десетмина на теренот, па не успеа да се добрани. Домаќините изедначија на 1-1 по 15 минути игра во второто полувреме и тој резултат остана и конечен и покрај настојувањата на домаќините за целосен пресврт.
Ристовски беше стартер на овој меч, а беше заменет во 89. минута.
