Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Резил: На Победа не ѝ судат пенал, па минута потоа – криминал (ВИДЕО)
Спорт

Резил: На Победа не ѝ судат пенал, па минута потоа – криминал (ВИДЕО)

05/03/2023

AA

Бившиот македонски првак Победа ем што мачи мака со беспарицата, со комплетно променет тим од есеноска кој тешко се воигрува за месец дена, со улога „прв фаворит“ за испаѓање, па уште и судиите на прилепчани почнаа да им ја одземаат и надежта дека може да опстанат, со најкриминалниот пенал кој воопшто е досуден во историјата на македонската елита.

Денеска прилепчани загубија од Силекс со 1-4, резултат кој делува дека кратовци убедливо победиле, но Победа ја скрши криминалната одлука да се свирне пенал за игра со рака надвор од шеснаесетникот. И тој момент на 20 минути пред крајот ги скрши прилепчани, само четири минути откако израмнија.

Но, резилот во Прилеп е поголем, зашто минута пред трагикомедијата има нов спорен момент, на Победа не ѝ е досуден пенал, кој можеби ќе го сменеше комплетниот тек на натпреварот. Прилепскиот портал Шампион го објави хајлајтсот од мечот и поразот денеска, на кој јасно се гледа сѐ.

После вакви циркуси во македонскиот фудбал, главно прашање е дали Победа мора да испадне од Првата лига? Судиската комисија сега ќе дава образложенија, можеби ќе признае грешка, можеби ќе најде оправдување, но мало фајде од тоа, зашто не е првпат арбитрите да направат кардинална грешка, таа и да биде признаена, кога бодовите се загубени.

Во ФФМ одамна се прават слепи на мизеријата од судење, на константната арбитража на штета на низа клубови, што остава впечаток дека е точно тоа што со години чаршијата гласно зборува дека сѐ однапред е познато.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy