Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ревизија: Скопски „Водовод“ загубил 16,5 милиони евра зошто снабдувал приватна компанија со поевтина вода
Економија

Ревизија: Скопски „Водовод“ загубил 16,5 милиони евра зошто снабдувал приватна компанија со поевтина вода

23/05/2023

AA

Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на „Водовод и канализација – Скопје“ му препорача на јавното градско претпријатие да ја преиспита одлуката за висината на тарифата која ја наплатува од акционерско друштво во приватна сопственост по многу поевтина цена.

Ревизорот во својот извештај објавен денеска не посочува за кое акционерско друштво станува збор, но на скопски „Водовод“ му порачува реално да ја определи вредноста на извршената услуга за снабдување со вода на оваа компанија.

Според ревизорите, во периодот од 2016 година до периодот на извршување на ревизијата, цената за услугата за снабдување со вода за пиење за едно АД во приватна сопственост е значително пониска од цената на услугата за категоријата „стопанство“, поради што ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје остварило за над 1,02 милијарди денари (околу 16,5 милиони евра) помалку приходи по основ на услугата за користење на вода.

Со тоа искажало помал ДДВ за 100,883 милиони денари (околу 1,6 милиони евра) и помал надоместок за користење на води за 22,705 милиони денари (околу 368.000 евра), што претставува приход на државниот Буџет.

Од спроведената анализа е констатирано дека во периодот од 2017 до 2021 година, трошоците за ангажирани адвокати, нотари и извршители за изготвување на нотарски платни налози за заостанати долгови, изнесуваат приближно 8 милиони евра.

Во 2021 година овие трошоци изнесуваат вкупно 116,021 милиони денари или 1,9 милион евра за 72.331 постапки, а наплатените побарувања во истата година изнесуваат од 94,704 милиони денари или околу 1,5 милиони евра. 

– Причина за особено високите износи на трошоци за ангажирање на нотари и адвокати произлегува од член 68 од Законот за нотаријатот, со кој меѓу другото е пропишано дека за парично побарување за вода и смет во вкупен износ над 6.000 денари, предлогот за издавање на решение за нотарски платен налог задолжително го составува адвокат и мора да содржи адвокатски печат и потпис, се додава во извештајот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СПОРО СЕ ГРАДИ Вигенин

25/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ

25/09/2026
Македонија

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560

25/09/2026
Македонија

ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА СКОПЈЕ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВА ВО ЕВРОПСКИТЕ

25/09/2026
Македонија

ГО ОХРАБРУВАМЕ ФИЛИПЧЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГО ВОДИ СДСМ На

25/09/2026
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45792
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СПОРО СЕ ГРАДИ Вигенин посочи дека тој е значаен

25/09/2026

Поврзаноста можеби не звучи толку политички како другите теми што ги дискутираме, но во нашиот регион таа е практичен тест

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ ГИ ПРИРОДНИТЕ УБАВИНИ Европратеникот Вајц

25/09/2026

Ефектите од глобалното затоплување нè погодуваат сите подеднакво, а тоа особено се чувствува во земјоделството, рече европратеникот и постојан известувач

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560 оператори, изречени казни од 19.430

25/09/2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) при 560 вонредни инспекциски контроли кај производители на сладолед и мраз, како и во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy