Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Реплек оствари 42 отсто раст на приходите од продажба – годинава растот ќе продолжи со освојување на нови пазари
Економија

Реплек оствари 42 отсто раст на приходите од продажба – годинава растот ќе продолжи со освојување на нови пазари

12/01/2024

AA

„Репек АД“
оствари раст на консолидираните приходи од сегментот фармација, со што
реализацијата на Годишниот план на компанијата за 2023 година е надминат и изнесува
100,5 отсто. Консолидираните приходи од продажба реализирани во 2023 година
изнесуваат над 25 милиони евра и пораснале за 42 отсто или за 7,4 милиони евра. Продажбата
на странските пазари порасна за 43 проценти и изнесува 19,7 милиони евра, а во однос на
минатата година вредноста на продажбата на овие пазари е зголемена за 6 милиони
евра. Позициите на компанијата се зајакнуваат и на домашниот пазар, каде што е
остварен раст од 37 отсто во однос на 2022 година, со реализирана продажба во износ
од 5,4 милиони евра, односно зголемување за 1,45 милиони евра.

„Реплек АД“ е извозна компанија и на над 20 странски пазари пласира повеќе
од 78 отсто од своето производство во фармацевтскиот сегмент. Со своето портфолио
компанијата е присутна на пазари во земји членки на ЕУ, Адриа регионот, во
земјите на Блискиот исток, во Африка, Југоисточна Азија,како и на пазарите во
ЗНД. Дел од производите на компанијата од фармацевтската програма се меѓу најпродаваните
на дел од пазарите, што е директна потврда за квалитетот и високата
конкурентност на глобално ниво и го докажува потенцијалот за натамошен раст и
развој.

„Успехот на компанијата и заокружувањето на една успешна година се должи на
стратешката развојна политика, во чии рамки инициравме храбри транзициски
процеси кои ги подобрија и зајакнаа перформансите на компанијата. Ние цврство
веруваме дека промените и напредокот започнуваат од внатре, а оваа нова
компаниска енергија веќе е препознаена на пазарите. Имаме амбициозни планови и
ова е само почеток на нивна реализација. Цврство веруваме во нашето портфолио
на чие збогатување посветено работат нашите фармацевтски тимови и уверени сме
дека нашата посветеност ќе донесе дополнителен раст на компанијата, но и ќе
придонесеворазвојот на целокупната македонска економија“, истакна Душан
Пецовски
, главен извршен директор на „Реплек АД“ Скопје.

„Реплек АД“ минатата година за прв пат објави и предлог
среднорочна дивиденда политика, која се темели на остварување годишна
профитабилност на друштвото во распон од 60 осто до 150 отсто од последниот тригодишен
просек, континуирано намалување на релативното ниво на задолженост и
проширување и осовременување на работењето преку инвестирање. Преку овој
стратешки акт се овозможува поголема предвидливост на исплатата на дивидендата
на подолг временски период, што ќе обезбеди и поголем прилив на свеж капитал во
компанијата, правејќи ги акциите на компанијата атрактивни за инвеститорите.

Компанијата продолжува со инвестиции и модернизација, со
посебен фокус на фармацевтскиот сегмент и зајакнување на позициите на
портфолиото на странските пазари. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕЛЕНОВСКИ ГО УЧИ ФИЛИПЧЕ ШТО ЗНАЧИ ФРАЗАТА „ШЛЕПЕРОТ И ЖАБАТА“

03/10/2026
Македонија

УАПСЕН БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИН НА ГП „БОГОРОДИЦА“ Имал фалсификувани документи

03/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЌЕ ДОБИЕ КОСКИ АМА НЕ ЗНАЕ ДАЛИ СЕ ОД

03/10/2026
Македонија

СТУДЕНО УТРО, А ПОТОА ВИСОКИ 27 СТЕПЕНИ Голема температурна разлика

02/10/2026
Македонија

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПОПОВА ШАПКА Нема повеќе долги чекања за

02/10/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ФОН ДЕР ЛАЈЕН Македонија

02/10/2026
Македонија

ДРУГАРЧЕ НА ЗАЕВ ЈА ДЕЛЕШЕ ИНДИЈА, ПА СЕГА И НАС

02/10/2026
Македонија

37 ЛОКАЦИИ ПРЕТРЕСЕНИ, 21 ОСОМНИЧЕН, НАЈДЕН СЕФ СО НАД 50.000

02/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45952
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕЛЕНОВСКИ ГО УЧИ ФИЛИПЧЕ ШТО ЗНАЧИ ФРАЗАТА „ШЛЕПЕРОТ И ЖАБАТА“ Му советува да се распраша

03/10/2026

Венко, како претседател на СДСМ, кога другпат ќе цитира познати реченици од минатото на СДСМ, како што и сам кажа,

УАПСЕН БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИН НА ГП „БОГОРОДИЦА“ Имал фалсификувани документи

03/10/2026

Бугарски државјанин е уапсен на граничниот премин „Богородица“ поради сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“, соопшти Министерството за внатрешни

БУГАРИЈА ЌЕ ДОБИЕ КОСКИ АМА НЕ ЗНАЕ ДАЛИ СЕ ОД САМОИЛ Не е направена ДНК-анализа

03/10/2026

Бугарија не направи ДНК-анализа на посмртните останки што ќе бидат донесени во Бугарија за да се потврди дали му припаѓаат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy