Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Реплек АД: Успешна 2024 година со рекорден раст на приходите во фармацевтскиот сегмент
Македонија

Реплек АД: Успешна 2024 година со рекорден раст на приходите во фармацевтскиот сегмент

10/01/2025

AA

Во текот на 2024 година компанијата Реплек АД го задржа трендот на пораст на
приходите од продажба забележан претходните две години, надминувајќи ги
проектираните цели од годишниот бизнис план со реализација од 100,5%. За
периодот од 1. јануари до 31. декември 2024 година, остварени се вкупни приходи
од продажба од 1.919,6 милиони денари (31,2 милиони евра), што претставува раст
од 24% во споредба со претходната година.

Овој успех е продолжение на позитивниот тренд во сите четири квартали од минатата
година и се должи на континуираниот раст на приходите од продажба на домашниот,
како и на странските пазари. При тоа, приходите од продажбата на домашниот пазар
се зголемени за 48% во однос на 2023 година, достигнувајќи 492 милиони денари (8
милиони евра). Во истиот период, приходите од продажбата на странските пазари
забележаа раст од 18%, достигнувајќи вредност од 1.427,6 милиони денари (23,2
милиони евра). Најзначаен раст е забележан на пазарите во Југоисточна Азија (62%),
регионот на ЗНД (22%) и Југоисточна Европа (24%).

„Овие резултати се доказ за посветеноста на нашиот тим и ефикасноста на нашата
развојна стратегија. Во 2025 влегуваме со нова енергија и дополнителен мотив да
продолжиме да создаваме вредност за вработените, акционерите и потрошувачите.
Наша цел останува да го зајакнеме портфолиото на производи, да инвестираме во
модернизација и да продолжиме да градиме цврсти односи со нашите партнери.
Уверени сме дека со овој континуиран раст ќе продолжиме да придонесуваме за
развојот на македонската економија“, изјави Душан Пецовски, главен и извршен
директор на Реплек АД.

И во 2025 година Реплек АД влегува со амбициозни планови за натамошно
зголемување на продажбата на странските и на домашниот пазар, на иновациите во
своето портфолио на производи, како и на значителни вложувања во технолошкиот
напредок и во развојот и добросостојбата на своите вработени кои се дел од
долгорочна стратегија за одржлив раст и развој на компанијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Виз Ер“ прогласи итност на летот од Скопје за Париз,

08/02/2026
Македонија

Минатата година декември бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив

08/02/2026
Македонија

​„ДОСТА Е, ЌЕ ВЕ ТУЖАМ!“: Заев со жесток демант до

08/02/2026
Македонија

Родители и експерти бараат строги правила за социјалните мрежи за

08/02/2026
Македонија

МОЖНИ ПОПЛАВИ ВО ПЕРИОДОТ ДО АПРИЛ Циклонските активности ќе донесат

08/02/2026
Македонија

НЕМА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ ЗА ДА ИМА ФЕР УСЛОВИ ЗА ИЗБОРОТ НА

07/02/2026
Македонија

ЗОШТО ЗАЕВ ЛИЧНО СЕ РАСПРАШУВАЛ ЗА ЗАПЛЕНЕТАТА ДРОГА? Колкав ќар

07/02/2026
Македонија

ТОПОЛ ФЕВРУАРСКИ ДЕН, СО ТЕМПЕРАТУРА ДО 14 СТЕПЕНИ Следува заладување,

07/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41183
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Виз Ер“ прогласи итност на летот од Скопје за Париз, авионот слетна во Луксембург

08/02/2026

Летот на „Виз Ер“ од Скопје за Париз утрово заврши со слетување во Белгија. Екипажот прогласил вонредна состојба додека авионот

Минатата година декември бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив

08/02/2026

Декември 2025 година се вбројува меѓу потоплите и посуви зимски месеци во Македонија, покажуваат официјалните мерења и анализи на Управата

​„ДОСТА Е, ЌЕ ВЕ ТУЖАМ!“: Заев со жесток демант до ВМРО-ДПМНЕ – негира поврзаност со

08/02/2026

Поранешниот премиер Зоран Заев ја прекина својата медиумска тишина и упати ултиматум до владејачката ВМРО-ДПМНЕ и пратеникот Бране Петрушевски. Тој

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy