Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Истрага против две лица за изнуда и палење автомобил во Штип
Македонија

Истрага против две лица за изнуда и палење автомобил во Штип

10/01/2025

AA

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела  – Изнуда од член 258 став 1 и Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, во последните неколку дена од старата година, испратиле повеќе заканувачки пораки кон трето лице, изнудувајќи му парични средства.

Соочен со сериозни закани кон  сопствениот и животите на членовите на своето семејство, оштетениот ги пријавил осомничените, по што на 4 јануари била организирана средба за да им предаде 30.000 денари. Полициски службеници ги затекнале при обидот да ги преземат паричните средства и ги уапсиле.

Во текот на претходната постапка, Основното јавно обвинителство Штип обезбеди докази кои даваат основано сомнение дека истите лица на 16 декември, пред зграда на улицата “Сремски фронт” во Штип намерно запалиле паркиран автомобил “Сеат леон” сопственост на една оштетена.  На тој начин со умисла предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор за осомничените, поради опасноста од бегство, можноста да влијаат врз сведоците или да ги повторат делата. Судот го прифати предлогот и им определи притвор во траење од 30 дена.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Клековски: Се бара техничко решение за побрза исплата на породилното

15/05/2026
Македонија

Тошковски најави засилени контроли за дивеењето со мотори низ градовите:

15/05/2026
Македонија

Шест лица приведени, вкупно осум пријави за семејно насилство!

15/05/2026
Македонија

Жена од Велес измамена од маж за сума од 240.000

15/05/2026
Македонија

48-годишна скопјанка тешко повредена – паднала во шахта без капак!

15/05/2026
Македонија

Жолт и портокалов метео аларм за утре за цела Македонија

15/05/2026
Македонија

„Сејф сити“ се проширува: Ќе се детектираат нови сообраќајни прекршоци!

15/05/2026
Македонија

Не паничете, влезници сè уште има: Привремено стопирана продажбата за

15/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43291
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Клековски: Се бара техничко решение за побрза исплата на породилното отсуство, малите фирми прават грешки

15/05/2026

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) интензивно работи на изнаоѓање техничко решение за надминување на проблемите со исплатата на породилното отсуство.

Тошковски најави засилени контроли за дивеењето со мотори низ градовите: Ќе ги изгориме!

15/05/2026

Министерството за внатрешни работи во наредниот период ќе спроведе засилени контроли против возачите на мотори кои прават сериозни сообраќајни прекршоци

Шест лица приведени, вкупно осум пријави за семејно насилство!

15/05/2026

Шест лица лишени од слобода, вкупно осум пријави за семејно насилство во последното деноноќие На 15.05.2026 во 01:30 часот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy