
Ренџерите од Националниот парк „Шар Планина“ со мал тим успешно го изгаснаа попладневниот пожар над с. Јеловјане, на патот „Шарски води“
По добиена пријава на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК за пожар на отворено над с. Јеловјане, на патот „Шарски води“ соодветно е интервенирано. Од Националниот парк „Шар Планина“ веднаш реагирале и интервенирале со сопствени сили, а биле во постојана комуникација со ЦУК. Регионалниот ЦУК Тетово, по известување од националниот парк, информира дека гори ниска вегетација и грмушки и дека се интервенира со тим од 4 вработени ренџери.
Ренџерите од Националниот парк „Шар Планина“, при крајот од денот, успешно со мал тим го изгаснаа попладневниот пожар над с. Јеловјане на патот „Шарски води“, по што лицата биле повлечени од терен.
