Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РЕГИОНОТ ТРЕБА ИТНО ДА СЕ ИНТЕГРИРА ВО ЕУ Албанската министерка за надворешни работи Спиропали на средби со државинот врв
Македонија

РЕГИОНОТ ТРЕБА ИТНО ДА СЕ ИНТЕГРИРА ВО ЕУ Албанската министерка за надворешни работи Спиропали на средби со државинот врв

22/12/2025

AA

Регионот како целина треба да се интегрира во Европската Унија без натамошно одложување, заклучија на денешната средба претседателката Гордана Сиљановска Давкова и министерката за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во официјална посета на Македонија.

Сиљановска Давкова го поздрави напредокот на Албанија во пристапниот процес, укажувајќи дека во актуелниот геополитички контекст, напредокот на секоја земја има позитивен ефект врз регионалната евроинтеграциска динамика.

Претседателката потсети дека, по 20 години кандидатски статус, македонскиот пристапен процес станува исцрпувачки маратон, со постојано одложување на целта. Таа потенцираше дека Копенхагенските критериуми мора да бидат единствените услови за членство и дека билатерализацијата создава опасен преседан, овозможувајќи блокирање на европскиот пат и на други земји кандидатки, соопштија од нејзиниот кабинет.

Албанската министерка Спиропали искажа силна поддршка за македонските евроинтеграции и уверување дека земјите од Западниот Балкан споделуваат идентични цели и вредности и треба заеднички да чекорат кон европското семејство.

Обете се согласија дека регионалната соработка е клучна за стабилноста, добрососедските односи и инфраструктурното поврзување, а особено за реформски процеси неопходни за членството во ЕУ.

Во трилатералниот меморандум потпишан меѓу нас, Бугарија и Албанија, препознаваме јасно дефинирана временска рамка и динамика за реализирање на активностите врзани за Коридорот 8. Воспоставувањето на систем со едно застанување „One stop shop“ на сите гранични премини меѓу двете земји, ќе придонесе за брза заедничка контрола и јакнење на меѓусебната соработка, сее вели во соопштението од кабинетот на претседателката.

Соговорничките укажаа на потребата од засилена економска соработка и се заложија за продолжување на одличната соработка во НАТО.

Истакнаа и дека почитувањето на правата на малцинските заедници е додадена вредност за пријателските македонско-албански односи.

Претходно, Спиропали се сретна и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој констатираше дека двете држави градат одлични билтерални односи, со интензивен политички дијалог и соработка во значителен број области од заемен интерес.

Гаши истакна дека се радува на прогресот што Албанија го има при процесот на приближување кон Европската Унија и отворање на сите преговарачки кластери согласно новата методологија на ЕУ.

Фото: Кабинет на претседателот на Собранието Африм Гаши

 

Министерката Спиропали истакна дека иако Албанија веќе преговара за членство во Европската Унија, смета дека и останатите држави од Западниот Балкан треба да ја следат и процесот на проширивање треба да продолжи затоа што носи голема трансформација во сите општества на земјите во регионот.

„Албанија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во европските процесидо конечно надминување на сите потешкотии што се појавуваат на европскиот пат. Двајцата соговорници се согласија дека зачленувањето во ЕУ носи големи придобивки за граѓаните на земјите од Западниот Балкан затоа што процесот е реформски и потребно е да се имплементираат домашни задачи, како што е борбата против корупцијата и реформи во правосудните системи“, соопшти Кабинетот на Гаши.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН

21/09/2026
Македонија

МЕРКО КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА ЗА ПЛОЧАТА ПРЕД ОПШТИНА СТРУГА

21/09/2026
Македонија

„ИМАМ ПРАВО НА ЛИЧЕН СТАВ ЗА ПРЕСУДАТА НА ХАШИМ ТАЧИ“

21/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ ЧЕШЛА И НА ИСТОК Петмина паднаа со марихуана

21/09/2026
Македонија

СЕ ИСКАЧУВАА 15 ЧАСА ЗА ДА ГО РАЗВЕАТ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

21/09/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ СТРУМИЦА Пешак загина откако бил удрен од „ренџ

21/09/2026
Македонија

ПАЦИЕНТИТЕ НЕМА ОД ШАЛТЕР ДО ШАЛТЕР ДА ГИ НОСАТ ИСТОРИИТЕ

21/09/2026
Македонија

ЛАЖНИ РЕШЕНИЈА ЗА ЗЕМЈИШТЕ СТИГНУВАЛЕ ДО КАТАСТАР Стружанец три години

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45710
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН ВО „ПУЛС“ Тројца гости сведочеа

21/09/2026

Сведок на рочиштето против 13 полицајци денеска сведочеше дека еден полицаец одбил да им помогне на повредените во пожарот во

МЕРКО КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА ЗА ПЛОЧАТА ПРЕД ОПШТИНА СТРУГА Тој тврди дека плочата ја

21/09/2026

Парична казна во висина од 5.000 евра изрече денеска Струшкиот основен суд за поранешниот градоначалник на Општина Струга Рамиз Мерко

„ИМАМ ПРАВО НА ЛИЧЕН СТАВ ЗА ПРЕСУДАТА НА ХАШИМ ТАЧИ“ Гаши не реагирал како претседател

21/09/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека неговиот став по повод пресудата на лидерите на расформираната Ослободитена војска на Косово

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy