Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РЕЧИСИ ШЕСТ ИЛЈАДИ СТАНОВИ ИЗГРАДЕНИ ЛАНИ – еве кои се омилените локации
Економија

РЕЧИСИ ШЕСТ ИЛЈАДИ СТАНОВИ ИЗГРАДЕНИ ЛАНИ – еве кои се омилените локации

14/06/2024

AA

Во изградба на
станови и куќи во текот на минатата година биле вложени над 820 милиони евра.
Само градежните компании инвестирале скоро 600 милиони евра, додека пак граѓаните,
кои исто така се јавуваат како градители вложиле над 220 милиони евра.

Во текот на
минатата година компаниите и граѓаните заедно изградиле скоро пет илјади
објекти, што е малку повеќе отколку во 2022 година, кога биле изградени 4.664
објекти.

Што се однесува
пак до бројот на станови, вкупниот број на изградени станови во 2023 година
достигнува 5.776 станови, што е помалку од 2022 година, кога биле изградени
6.301 станови.

Бројките откриваат
дека градежните компании најмногу сакаат да градат во главниот град, но
индивидуалци или самите граѓани како инвеститори најмногу се јавуваат како
градители во Полошкиот регион.

Во текот на
минатата година биле изградени вкупно 4.894 објекти, од кои дури 2.020 биле
изградени од индивидуални сопственици, додека пак 2.874 од деловни субјекти.

Ова го откриваат
податоците на Државниот завод за статистика, каде може да се види дека кога инвеститори
се приватни лица најголем број градби се граделе во Полошкиот регион, и тоа
вкупно 579 објекти, по што следува Скопскиот регион со 381 обејкти и Југозападен
каде се изградени 337 објекти.

За разлика од
граѓаните, кога градат компаниите, Скопје останува најпримамлив. Па така лани
во скопскиот регион градежните компании изградиле 838 објекти, по што следува
Источниот регион со 372 објекти, па Југоситочниот со 385 изградени објекти.  

– 
Според
податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, индивидуални
сопственици извршиле градежни работи во вредност од 13.763.912 илјади денари (223,8
милиони евра). Во текот на 2023 година се градени вкупно 2.020 објекти и
завршени се вкупно 2.331 стан со вкупна површина од 299.224 м2 , од кои 67 се
станови во викенд-куќи со вкупна површина од 7.196 м2 . Просечната корисна
површина на завршените станови е 128.4 метри квадранти – објави ДЗС.

Од друга страна,
кога како градители се јавуваат деловните субјекти ДЗС утврдил дека извршени се
градежни работи во вредност од 36.880.167 илјади денари (599,6 милиони евра).

Притоа компаниите
во текот на 2023 година изградиле 2.874 објекти, а завршиле 3.445 станови со
вкупна површина од 243.815 метри квадратни. Притоа просечната корисна површина
на завршените станови е 70.8 метри квадаратни.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Меѓународна акција „Global Chain“: Во земјава откриени три кривични дела

06/07/2026
Македонија

Клековски: Извештајот за непотребни операции на срце помина на затворена

06/07/2026
Македонија

Силјановска-Давкова од Анкара: Иницираме отворање Лекторат по македонски јазик во

06/07/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: За десетина дена започнува поврзувањето на тунелот под „Лимак“

06/07/2026
Македонија

14 пожари низ Македонија, 2 се уште активни

06/07/2026
Македонија

Цеца Малева Стоев е нова претседателка на Нотарската комора

06/07/2026
Македонија

Заврши третиот ден од расправата за ребалансот на Буџетот: Власта

06/07/2026
Македонија

Драма во скопско Зелениково, пријавил соселани дека го истепале

06/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Меѓународна акција „Global Chain“: Во земјава откриени три кривични дела и 49 прекршоци при сузбивање

06/07/2026

Во рамки на Европската мултидисциплинарна платформа за закани од криминал (EMPACT) за приоритетната криминална област трговија со луѓе, во периодот

Клековски: Извештајот за непотребни операции на срце помина на затворена владина седница

06/07/2026

Владата на затворена седница го разгледала извештајот на независната комисија при Министерството за здравство, која утврди дека во земјава се

Силјановска-Давкова од Анкара: Иницираме отворање Лекторат по македонски јазик во Турција

06/07/2026

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, во рамките на својата посета на Турција, оствари средба со припадници на македонската заедница во просториите на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy