Реал Сосиедад ја запре машинеријата на Жирона
Жирона постигна гол во 24. минута од мечот преку Ерера, меѓутоа истиот беше поништен од ВАР-технологијата поради офсајд.
Реал Сосиедад имаше свои шанси, но не ги искористи, па мрежите на двете екипи мируваа до последниот судиски свиреж.
Жирона остана на втората позиција со 56 бодови, односно еден поен помалку од Реал Мадрид, додека Реал Сосиедад е шести со 37 бода.