Реал одлучи да го затвори „Бернабе“ за поголем притисок врз Атлетико (ФОТО)
Со оглед на тоа што реновираниот „Сантијаго Бернабе“ сега има повеќе опции, Реал одлучи да го затвори покривот и во такви услови да се игра дербито. Официјална информација за ваквата одлука нема, со оглед на тоа што не се најавени ни дожд, ни снег, но мадридските медиуми тврдат дека причина за тоа е желбата да се направи што поголем притисок врз противникот.
Затворен „Бернабе“ ќе биде поакустичен, а навивачката бука поголема отколку во нормални услови и тоа може да влијае врз играта на Атлетико. Според правилата на УЕФА, натпревар може да се игра со затворен покрив и кога нема врнежи, но така мора да биде од почеток до крај.