
Реал Мадрид се измачи во Памплона – Валверде и Асенсио за 16-та победа сезонава (ВИДЕО)
Долго време Осасуна ги мачеше „кралевите“, имаше свои шанси преку Анте Будимир, промаши и неколку Реал, сѐ до клучната 78 минута, кога Уругваецот Валверде погоди на асистенција на Винисиус Жуниор, а Асенсио потоа само ја запечати победата во втората минута од судиското надополнување, две минути откако за минимален офсајд на Винисиус му беше поништен вториот гол.
Реал со ова дојде до 16-та победа сезонава за 51 бод на контото, пет помалку од Барселона, која е лидер и утревечер од 21 часот го игра својот меч со Кадиз на кој е апсолутен фаворит. За Осасуна ова беше осми пораз сезонава и остана на 30 бода на десетото место на табелата.