Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Интер се мачеше, ама го скрши Удинезе за да се врати на минус 15 од Наполи (ВИДЕО)
Спорт

Интер се мачеше, ама го скрши Удинезе за да се врати на минус 15 од Наполи (ВИДЕО)

19/02/2023

AA

Милански Интер се врати на минус 15 во однос на лидерот Наполи, откако се измачи да го скрши Удинезе (3-1) во вечерашната пресметка, па ерменската ѕвезда Хенрик Мхитарјан на 20 минути пред крајот даде гол за да ја трасира победата, а Лаутаро Мартинез во 89-та ја завери победата како загревање за „нераѕурите“ и за осминафиналната пресметка со Порто во среда од 21 часот на „Џузепе Меаца“.

Холандскиот репрезентативен бек Дензел Думфрис спаси чист гол во контранападот на Удинезе преку Ајзак Саксес, триесетина секунди пред голот на Мхитарјан, па скапо црно-белите ја платија себичноста во акцијата четири на два, по што во противнападот, Ерменецот даде гол за да донесе триумф. Аргентинецот Лаутаро минута пред крајот стави печат на победата, откако минута претходно промаши зицер за да дојде до својот 13-ти сезонава за миланскиот гигант.

Интер поведе со гол од ниту една шанса, преку Белгиецот Ромелу Лукаку од пенал во 20-та минута, а Санди Ловриќ израмни две минути пред полувремето од првиот и единствен директен шут кон голот на Интер во првиот дел.

Марко Силвестри, голманот на Удинезе потоа блескаше во вториот дел со неколку извонредни интервенции за да спречи погодоци на „нераѕурите“, но не можеше да го сопре и ударот на Мхитарјан за да го спаси од пораз својот тим.

Интер ја запиша 15-та победа сезонава и сега има 47 бода од 23 меча, 15 помалку од Наполи на 15 кола до крајот на сезоната. За Удинезе ова беше седми пораз сезонава и четврти меч во низа без триумф, па остана на 30-те бода на деветото место.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

1621 сообраќаен прекршок за три дена, 43 лица приведени

27/08/2026
Македонија

Се мие и дезинфицира просторот околу контејнерите низ Скопје

27/08/2026
Македонија

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак

26/08/2026
Македонија

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен,

26/08/2026
Македонија

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026
Македонија

Нови правила на скопскиот аеродром: Пред терминалот ќе можете да

26/08/2026
Македонија

Западнонилска треска: Со еден клик проверете каде е најризично во

26/08/2026
Македонија

Пронајдено тело на 83-годишен скопјанец во реката Вардар

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45278
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

1621 сообраќаен прекршок за три дена, 43 лица приведени

27/08/2026

Во текот на изминатите три дена (24/25/26.08.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите

Се мие и дезинфицира просторот околу контејнерите низ Скопје

27/08/2026

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје продолжува со секојдневно одржување на хигиената околу садовите за одлагање комунален отпад, при што екипите рачно ги

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак работат во сивата економија

26/08/2026

Над 90 илјади работоспособни граѓани во Северна Македонија се водат како невработени. Според Државниот завод за статистика, стапката на невработеност

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy