
Реал Мадрид го реши Асвел за трета победа по ред во Евролигата
„Кралевите“ уште во првото полувреме ја најавија победата, откако на паузата заминаа со предност од 45-35.
Како минуваше времето, така се зголемуваше водството на Реал Мадрид во вториот дел, па до крајот на мечот немаше нови возбудувања и домаќинот оствари триумф од 86-79.
Јабуселе постигна 26 поени и три скокови за шпанската екипа, додека Ли запиша 23 поени, три скокови и седум асистенции за Асвел.
На останатите натпревари, Олимпијакос го надигра Баерн Минхен со 76-72, а Басконија беше подобра од Макаби Тел Авив со 92-82.
