Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Реал излезе со соопштение: Неприфатливи се изјавите на судиите!
Спорт

Реал излезе со соопштение: Неприфатливи се изјавите на судиите!

25/04/2025

AA

Вистинска драма се случува во Шпанија пред финалето од купот, а ја режира Реал Мадрид, кралскиот клуб води војна со судиите кои треба да го судат утрешниот Ел Класико меч.

Финалето од Купот на Шпанија меѓу Реал Мадрид и Барселона има непријатна „предигра“. Кралскиот клуб врши невиден притисок врз судиите.

Реал Мадрид преку својата клупска телевизија објаснува зошто овие судии не треба да судат. Клубот побара судиите да бидат променети.

Ваквите притисоци врз судиите, изнудија изјави од нив. Едниот од арбитрите со плачење зборуваше на прес-конференција велејќи дека премногу го заболело кога неговото дете му кажало дека го малтретираат на училиште велејќи дека татко му е „крадец“ како што бил нарекуван на телевизијата на Реал Мадрид.

Кралскиот клуб не само што нема намера да се извини за притисоците кои ги прави, туку тие уште еднаш ги нападнаа судиите велејќи дека нивните изјави се неприфатливи.

„ФК Реал Мадрид за неприфатливи ги смета јавните изјави на судиите кои се назначени да го судат финалето на Купот на кралот. Овие протести против видеа објавени од телевизијата која треба да има слобода на говорот, јасно го потврдуваат анимозитетот што судиите го имаат кон Реал Мадрид. Уште пошокантни се изјавите во кои со заканувачки тон се повикуваше на судиско единство и солидарност, со што се појавува сериозен сомнеж во објективноста и фер судењето на натпреварот кој ќе го следат милиони луѓе ширум светот. Со оглед на сериозноста на ситуацијата, Реал Мадрид се надева дека одговорните во федерацијата и во судиската организација ќе реагираат соодветно и ќе го заштитат престижот на организациите кои ги застапуваат“, се вели во соопштението на Реал Мадрид.

Во шпанските медиуми дури се пишува и дека Реал Мадрид разгледува да не го игра финалето бидејќи не му се допаѓаат судиите кои се назначени да го судат овој натпревар.

Оваа сезона Реал Мадрид и Барселона двапати се сретнаа, а кралскиот клуб двапати беше понижен, каталонците победија со 4-0 и 5-2.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ВО СОБРАНИЕТО ЗА ПОТРЕБАТА ОД ЗАКОН ЗА СУДСКИ

17/12/2025
Македонија

МАГЛА ВО ДЕБАРСКО, ВИДЛИВОСТ ДО 50 МЕТРИ Препорачана е прилагодена

17/12/2025
Македонија

АМБАСАДОРКАТА АГЕЛЕР ИСПРАТИ ОСТРА ПОРАКА ДО ФИЛИПЧЕ Со темата за

17/12/2025
Македонија

ТРЕНЧЕВСКА И ТРАЈАНОВСКИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ Избрани се и членови

16/12/2025
Македонија

9 месеци од трагедијата „Пулс“

16/12/2025
Македонија

Филипче го соопшти новото раководство на СДСМ: Формираме тим за

16/12/2025
Македонија

Дополнителни 15 милиони евра за „Бехтел и Енка“ од буџетот

16/12/2025
Македонија

МЕСТОТО НА МАКЕДОНИЈА Е ВО ЕВРОПА Со или без почнати

16/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 39037
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ВО СОБРАНИЕТО ЗА ПОТРЕБАТА ОД ЗАКОН ЗА СУДСКИ СОВЕТ Еве кои клучни новини

17/12/2025

Со мнозинство гласови пратениците ја изгласаа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет, објави Министерството за правда. Законот

МАГЛА ВО ДЕБАРСКО, ВИДЛИВОСТ ДО 50 МЕТРИ Препорачана е прилагодена брзина на движење на повеќе

17/12/2025

Поради појава на магла, видливоста во околината на Дебар е намалена до 50 метри, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

АМБАСАДОРКАТА АГЕЛЕР ИСПРАТИ ОСТРА ПОРАКА ДО ФИЛИПЧЕ Со темата за мигрантите тој им прави лоша

17/12/2025

„Она што мислам дека не е корисно е да заземете една страна за кое било прашање, вклучително и за толку

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy