Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ерата на отворање молови заврши, ритејл паркови сега никнуваат низ Македонија
Економија

Ерата на отворање молови заврши, ритејл паркови сега никнуваат низ Македонија

25/04/2025

AA

Периодот на „масовно“ градење и отворање на класичните молови во Скопје, но и во другите поголеми градови, се чини дека веќе е завршен, па бизнисмените кои го вртат капиталот во недвижнини се насочуваат кон Retail парковите како алтернативни шопинг-центри кои вообичаено ги има крај населените места.

Последен кој најавува ваква инвестиција е штипскиот бизнисмен Кирил Гогов, поранешниот сопственик на Кит-Го синџирот на маркети што беше продаден на албанската „Вива Фреш“.  Сега Гогов го гради „Симбол Ретаил Парк“ кај булеварот „Братство Единство“ во Струмица. Инвеститор е Кит-Го Инвест Штип. Оваа инвестиција на својата интернет страница веќе ги најавува првите брендови.

Во употреба од скоро веќе е пуштен „Набизи Ретаил Парк“ кај индустриската зона во Струга. Сопственици се познатите браќа бизнисмени Насуф и Камбер Бизати. Компанијата „Бизати“ е позната по трговијата со метална стока и е една од најуспешните во Струга. Освен шопинг-центар, комплексот треба да има и бензинска пумпа и забавно-рекреативен центар.

Пред два месеци најавена беше и изградбата на најголемиот ритејл парк во Скопје. Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, веќе го претстави како проект во Пинтија – Home Retail Park. Инвеститор е Голден Арт, градежната компанија на Ивица Јаќимовски. Претставен е како нов „центар за паметно купување и место каде семејствата ќе можат да го уредат својот дом на наједноставен и најудобен начин“.

Агентите кои што ги контактиравме велат дека за ваква инвестиција се потребни најмалку 10 милиони евра и дека овој концепт на продажба досега се покажал како доста успешен. Велат дека овие паркови се фокусирани на потребите на целото семејство што лесно може да дојдат до него со автомобил. Тие претставуваат алтернатива на трговските центри во центарот на градот.

„Вообичаено, станува збор за објект на едно ниво, без подруми и катови, коишто се составени од низа засебни локали поврзани во една целина. Таа целина најчесто е во облик на буквата П, во којашто се влегува директно од надворешното окружување што го чинат достапни сообраќајници со паркинг простор и голема зелена површина со пешачка зона. На посетителите им се нуди доволен број паркинг места, висока функционалност и атрактивна понуда на домашни и меѓународни брендови“, тврдат консултантите.

Инаку во ритејл парковите најчесто се наоѓаат продавници што нудат мебел, облека и обувки, мали апарати за домаќинство и голем супермаркет. Се простираат на поголема површина од околу 5.000 метри квадратни најмалку.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ СО „РОЛС-РОЈС“ ВОЗЕЛ 194 КМ/Ч КАДЕ ШТО Е ДОЗВОЛЕНО

23/10/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, СО СОНЦЕ И ДО 22 СТЕПЕНИ Прогноза за

23/10/2026
Македонија

📽️ ЛИКОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА НЕБОТО

23/10/2026
Македонија

📽️ НИКОЛОСКИ СО ПОДДРШКА ЗА РАДИЧЕВСКИ Најави проекти за Брвеница

23/10/2026
Македонија

СДСМ Е ВО АГОНИЈА, НАЧЕВСКИ БАРА ФИЛИПЧЕ ДА СИ ОДИ

23/10/2026
Македонија

📽️ МЕЛАНИЈА ТРАМП ГО НАПРАВИ НЕВОЗМОЖНОТО, ПРИМИРЈЕ ЗА ОПСЕДНАТИОТ ГРАД

23/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НЕМА ДА СЕ ЗАНИМАВА СО КОСКИ ОД МИНАТОТО Премиерот

23/10/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА ВЕЛЕШАНЕЦОТ КОЈ НУДЕЛ „КУБАНСКИ ВАКЦИНИ“ ПРОТИВ РАК Обвинителството

23/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46343
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ СО „РОЛС-РОЈС“ ВОЗЕЛ 194 КМ/Ч КАДЕ ШТО Е ДОЗВОЛЕНО 80 КМ/Ч Полицијата приведе гостиварец

23/10/2026

Возач на „Ролс-Ројс“ со тетовски регистарски ознаки е лишен од слобода откако бил фатен како вози со 194 километри на

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, СО СОНЦЕ И ДО 22 СТЕПЕНИ Прогноза за сите градови во Македонија

23/10/2026

Македонија ја очекува променливо облачно време со сончеви периоди и дневни температури до 22 Целзиусови степени. Според прогнозата на Управата

📽️ ЛИКОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА НЕБОТО Честитка од Мицкоски за 23

23/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски го честиташе Денот на македонската револуционерна борба со видеопорака насловена „Небото свети Македонија“, во која со дронови

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy