Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Реакција на МОН: Општина Тетово мора да биде ажурна и повеќе да се грижи за учениците
Македонија

Реакција на МОН: Општина Тетово мора да биде ажурна и повеќе да се грижи за учениците

28/09/2023

AA

Локалната самоуправа на општина Тетово мора да биде повеќе ажурна во своето работење, особено кон исполнувањето на обврските во областа на образованието и наместо раководството да води дневна политика преку прес конференции и соопштенија полни со неосновани критики и лажни информации, повеќе да се фокусира на потребите на учениците.

По информацијата дека во Тетово недостасуваат учебници, должни сме да ја информираме јавноста дека секое училиште уште во месец мај во една тековна година, преку електронска апликација пријавува број на учебници по сите предмети, кои ќе бидат потребни за следната учебна година. Врз основа на овие доставени податоци, МОН набавува соодветен тираж и истиот го испорачува до општините.

Во Тетово недостасуваат учебници, а во постојниот фонд има и оштетени учебници, поради тоа што училиштата на нејзина територија или не доставиле воопшто или пак доставиле неточна информација за реалните потреби согласно бројот на ученици и не ги пријавиле оштетените учебници кои биле должни да ги пријават согласно Упатство со кое се запознаени.

Информираме дека на 29 април годинава, МОН со допис ги извести сите општини дека е потребна информација за бројот на учебници за новата учебна година, со рок истата да се достави до 12 мај. Од училиштата во Тетово немаше никаква реакција и по неколку потсетувања од страна на службите на МОН, информации доставија дури во средината на месец јуни. И покрај неажурноста од страна на тетовските училишта, МОН веднаш пристапи кон испорака при што достави 409.458 учебници од прво до петто одделение, а наскоро ќе заврши и испораката на 48.254 учебници за седмо, осмо и деветто одделение.

Безобразно е да се обвинува министерството, кога неодговорноста и негрижата на општината се очигледни. Ова го потврдуваме и со еден дополнителен факт – само минатата учебна година, Тетово не искористи 18 милиони денари кои како министерство ги префрливме во форма на блок дотации, со кои можеа да се подобрат условите во училиштата. Наместо тоа, на стартот на оваа учебна година за жал, во дел од училишните објекти немаше ниту електрична енергија, која по наша интервенција беше повторно пуштена.

Веруваме дека на јавноста сега и станува појасно, зошто ингеренциите на општина Тетово се одземени од страна на Министерството за образование и наука. Нема да дозволиме лични и партиски интереси, да бидат над интересите на најмладите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Советот го отстрани Панчевски од трката за државен јавен обвинител

17/02/2026
Македонија

Владата тврди: Нема злоупотреба на владиниот авион

17/02/2026
Македонија

Позајмил автомобил од братучед, па го продал за 4.500 евра

17/02/2026
Македонија

АВТОМОБИЛ УДРИ ВО 18-ГОДИШНИК ВО ПРОБИШТИП Момче со тешки повреди

17/02/2026
Македонија

Сведоштво на ревизорот откри сериозни неправилности на Клиниката за онкологија

17/02/2026
Македонија

ССМ: Доколку минималната се зголеми на 600 евра, а сите

17/02/2026
Македонија

5 од 6 заловени кучиња имаат сопственик – Анима Мунди

17/02/2026
Македонија

Тешко повредено четиригодишно дете во Скопје

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41565
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Советот го отстрани Панчевски од трката за државен јавен обвинител

17/02/2026

Постапката за избор на нов државен јавен обвинител продолжува без Владимир Панчевски, откако Советот на јавни обвинители одлучи да го

Владата тврди: Нема злоупотреба на владиниот авион

17/02/2026

По обвинувањата од опозицијата за користењето на владиниот авион, Владата денеска соопшти дека леталото било користено исклучиво согласно законските прописи

Позајмил автомобил од братучед, па го продал за 4.500 евра – поднесена кривична пријава против

17/02/2026

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy