Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РАТРАЦИТЕ НЕ СЕ ДИВИ, ТУКУ УПРАВУВАНИ ОД ЛЕГИТИМЕН ОПЕРАТОР Здружението Ескимо Спорт ги демантира медиумите
Македонија

РАТРАЦИТЕ НЕ СЕ ДИВИ, ТУКУ УПРАВУВАНИ ОД ЛЕГИТИМЕН ОПЕРАТОР Здружението Ескимо Спорт ги демантира медиумите

17/01/2026

AA

Здружението Ескимо Спорт ДООЕЛ Тетово ги демантира, како што вели, неточните и манипулативни информации за диви ратраци на Шар Планина. Коментирајќи ги неодамнешните медиумски објави за наводно тргнување на ратраците, здружението објаснува дека ратраците уште од 2005 година се дел од тимот кој превезува туристи скијачи фрирајдери.

Во продолжение го пренесуваме демантот на Ескимо Спорт ДООЕЛ Тетово:

„Во врска со денешните јавни изјави и медиумски објави за наводен ‘инцидент’ со т.н. ‘диви ратраци’ кои пренесуваат скијачи на Шар Планина, остро и недвосмислено ги демантираме пласираните информации како неточни, манипулативни и штетни, со сериозни последици врз угледот на туристичката дестинација, професијата и професионалниот тим на еден легитимен оператор.

1. „Дивите ратраци“ не постојат

Ратраците што денес беа предмет на јавна стигматизација не се диви, туку се управувани од лицата кои се дел од тимот на Ескимо Спорт ДООЕЛ Тетово, пионери на ПРВИОТ ТУРИСТИЧКИ ПРОИЗВОД ЗА СЛОБОДНО СКИЈАЊЕ СО РАТРАЦИ (SNOWCAT FREERIDE) ВО ЕВРОАЗИЈА.

Овие луѓе уште од 2005 година во еден долг и контиуниран процес од повеќе од една деценија го создадаваа и развиваа туристичкиот производ слободно скијање со ратраци на Шар Планина, производ кој стана:

• најпрепознатлив туристички бренд на Македонија на меѓународно ниво;
• производ кој секоја зима во земјава носи премиум клиенти од најпосакуваните дестинации, кои потоа стануваат туристички амбасадори на земјава;
• производ со значаен економски бенефит за локалната и националната економија.

Во 2018 година, истиот производ беше нелегално копиран и до денес се користи од друг оператор на истиот простор, нешто што никаде во светот не е дозволено, како заради заштита од нелојална конкуренција, така и заради безбедност во дестинацискиот простор.

Доколку управувачот на заштитеното подрачје навистина се грижи за угледот на дестинацијата и безбедноста на гостите, не смее да дозволи плагијаторство на најзначајниот туристички производ создаден во Македонија – токму на просторот на Националниот парк.

2. Спасувачка и јавна улога

Луѓето што ги управуваат ратраците, ги водат гостите и ја одржуваат целата опрација за слободно скијање во изминатите 17 години БЕЗ НИКАКОВ НАДОМЕСТОК:

• учествувале во спасување на најмалку 40 загрозени планинари, домашни и странски, на Шар Планина;
• за овие интервенции постојат проверливи податоци во МВР, СВР Тетово и Полициската станица Попова Шапка;

3. Поддршка на инфраструктура и безбедност

Истите луѓе и истите ратраци БЕЗ НИКАКОВ НАДОМЕСТОК:

• транспортираа материјал за обновување на клучни објекти за туризмот и безбедноста на Шар Планина (кулата на Титов Врв, планинарскиот дом Јелак и многу други стратешки точки за туризмот и безбедноста во дестинацијата);
• транспортираа стручни лица и материјал во случаи на потреба за санирање дефекти во комуналната инфраструктура;
• подржуваа спортски настани и манифестации, меѓудругото и најзначајната скијачка манифестација Шарпланинскиот куп;
• овие активности може да се потврдат кај релевантни планинарски организации, скијачката федерација и државните институции;
• претставуваат пример за континуирано социјално одговорно делување.

4. Професионалност и обуки

Овие луѓе се врвно обучени професионалци, со:

• завршени верификувани образовни програми за дејноста;
• Овие луѓе се дел од тимот на единствениот оператор во земјава чиј што персонал е обучен за спасување на ски терени, спасување на планински и снежни падини надвор од ски терени, за управување со операција за слободно скијање, и сето тоа според стандардизирани и верификувани програми, во согласност со меѓународните стандарди на професијата.
• почитување на националните и меѓународните стандарди за безбедност на планина и професионално работење и долгогодишна и длабока соработка со врвни професионалци за спасување на планина како Асклепиј Скопје, Љуботен Тетово, Националниот сојуза за планинско спасување.
Тимот е интернационален и со години го презентира сопствениот и оригинален производ пред премиум туристи од целиот свет.

5. Поддршка на Ски центар Попова Шапка

Персоналот што ја води операцијата за слободно скијање БЕЗ НАДОМЕСТОК:
• во сезоната 2021/22 бесплатно учествуваа во уредување на ски терените;
• позајмуваа ратраци и резервни делови;
• учествуваа во транспорт на повредени лица и потрага по изгубени скијачи;
• помагаа при поставување на сајли и инфраструктура – без никаков надомест.

6. Вонредни ситуации

Во периоди кога Попова Шапка на неколку пати беше целосно отсечена од цивилизацијата, ратраците и персоналот заедно со тогашниот концесионер на хотелот The house:

• вршеа транспорт и ги евакуираа посетителите од викенд-населбата и ски центарот;
• ги прифаќаа и сместуваа;
• транспортираа екипи на јавните компании кои работеа на поправка и одстранување на технички дефекти;
• директно се грижеа за нивната безбедност.

7. Меѓународна промоција на Македонија

Преку овој туристички производ, за првпат во земјата беа донесени:
• врвни меѓународни туристички и спортски промотори како Teton Gravity, Patagonija, The Guardian, Franfurter Algemaine, ARD TV, Arte, Extreme и др;
• реализирани се промотивни активности во земјава и на меѓународни саеми и манифестации со ефект и вредност какви што не успеале да постигнат ниту државните институции;
• врвни меѓународни експерти за авантуристички туризам;
• врвни имиња од областа на зимските спортови и слободното скијање.

8. Поддршка на Националниот парк Шар Планина

Само во текот на летото 2025 година:

• беа донирани 500 литри нафта за одржување на патната мрежа;
• беа мобилизирани соработници за финансиска и техничка поддршка на истата.

9. Обиди за институционален дијалог

Во изминатите шест месеци, операторот повеќепати се обидуваше да воспостави конструктивна комуникација со управата на паркот со цел:
• признавање на авторството на производот слободно скијање со ратраци на Шар Планина;
• забрана за користење на плагијати;
• укажување дека понудената спогодба не е во согласност со Планот за управување, позитивните законски прописи и меѓународните стандарди на професијата;

• беа ангажирани експерти од дејноста кои укажаа на сериозни недостатоци во самата спогодба кои имаат директни импликации врз безбедноста во дестинацијата и безбедното експлоатирање на туристичкиот производ слободно скијање со ратраци на Шар Планина;
• укажување дека потпишување на ваков документ ги става и двете страни во ситуација да ги прекршуваат позитивните законски прописи во земјава.
Наместо афирмација на иноваторството, следеше јавно понижување и индиректна поддршка на нелојална конкуренција.

10. За денешната „интервенција“

Јавно прашуваме:

• дали вработените во паркот кои делуваа по нардба на своите претпоставени беа свесно изложени на ризик;
• дали наредбата за физичкото поставување на работниците пред тешка механизација, и покрај тоа што истата беше во подготвителни активности за работа според точно утврдени стандардни оперативни процедури, претставува наведување на опасно дејствие;
• дали оваа акција од страна на ЈУ НП Шар Планина го заштити или сериозно го наруши угледот на Шар Планина како туристичка дестинација;
• дали „интервенцијата“ беше насочена кон зачувување на природната средина или смислено нанесување штета на авторот на производот за слободно скијање и негова јавна стигматизација со постоење реални сомнежи околу вистинските мотиви за „контролата“.

Особено загрижува фактот што истите службеници поминуваат покрај реални извори на загадување како што се бројните депонии низ Шар Планина, вклучувајки го и ѓубриштето на влезот во Попова Шапка кое што директно ги загрозува питките води за водоводот во Тетово, но закана препознаваат во ратрак кој се движи врз повеќе од еден метар снег.

ЈАВНИ БАРАЊА

Бараме:

1. Јавна објава на понудената спогодба, за да се утврди нејзината законитост и усогласеност.
2. Јавна објава на целата кореспонденција со операторот, за објективна проценка од јавноста и стручната фела.
3. Јасен одговор дали денешната постапка ја унапреди или ја наруши туристичката репутација на Шар Планина.

ПРАШАЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ

До надлежните министерства и Владата на РС Македонија упатуваме прашање:

Дали е ова пример на владеење на правото и создавање овозможувачко опкружување за туризмот, или пример на институционално самоволие и нанесување штета на иноватор, дестинација и држава?

Националниот парк е јавен и им припаѓа на сите граѓани.

ТИМОТ НА ПРВИОТ И ЕДИНСТВЕН ЛЕГИТИМЕН ОПЕРАТОР ЗА СЛОБОДНО СКИЈАЊЕ СО РАТРАЦИ ВО МАКЕДОНИЈА“.

ПОЛИЦИЈАТА ГИ ОТСТРАНИЛА РЕНЏЕРИТЕ, А НЕ РАТРАЦИТЕ НА ПОПОВА ШАПКА Кому му пречат фрирајд скијачите?

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy