Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ: Пронајдени уште три безживотни тела на мигранти во Грција
Македонија

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ: Пронајдени уште три безживотни тела на мигранти во Грција

20/06/2023

AA

Крајбрежната служба на Грција во текот на вчерашниот ден пронашла уште три безживотни тела по несреќата со мигранти минатата седмица во близина на Пелопонез, со што бројот на загинати се зголеми на 81 лице, а потрагата по исчезнати продолжува и денеска.

Во рибарскиот брод што потона во близина на Пилос кај Пелопонез, официјално не е познато колку лица се пренесувале, а според преживеаните бројката би можела да е околу 700 лица, додека пак спасени беа 104 мигранти.

Портпаролот на крајбрежната служба Никос Алексиу за грчката телевизија ЕРТ објасни дека тие не можеле да интервенираат поради одбивањето помош од луѓето на рибарскиот брод.

-Јасно е дека можевме да го заобиколиме протоколот, доколку имаше согласност од луѓето. Ако направевме било каква насилна интервенција, резултатот немаше да биде добар, рече Алексиу.

Дел од грчките медиуми, пренесуваат сведоштва на преживеаните кои велат дека крајбрежната служба на Грција со јаже го повлекла рибарскиот брод, по што се навалил, а потоа и потонал.

За несреќата се уапсени деветтемина Египќани, кои се товарат за формирање криминална организација за трговија со мигранти, за предизвикување бродолом од небрежност и загрозување на животи и вчера требаше да бидат изведени пред истражен судија, но побараа и добија дополнително време за подготовка, па така, денеска ќе дадат исказ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy