Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Раст на бројот на купени станови со готовина во Хрватска
Економија

Раст на бројот на купени станови со готовина во Хрватска

26/06/2024

AA

Речиси 30 отсто помалку недвижен имот е продаден во Хрватска годинава отколку во првите три месеци од минатата година. Дали причините за ваквото забавување на пазарот се поради превисоките цени или слабата куповна моќ на граѓаните? Експертите велат дека и двете. Владата ги обвинува богатите странци што купуваат во готовина, објави N1.

Дали цените на недвижностите во Хрватска конечно го достигнаа плафонот? Пазарните трендови укажуваат дека нè очекуваат промени. Во првиот квартал од годинава во главниот град се продадени 659 недвижности помалку од истиот период лани.

Во Хрватска во првите три месеци од годинава се склучени 1.711 трансакции, што е за 28 отсто помалку од истиот период лани, а дури за 36,4 отсто помалку од 2021 година кога биле продадени 2.692 недвижности. 

„Нема доволно пари. Тоа е кристално јасно. Затоа што цената на метар квадратен отиде до бесконечност. Едноставно е срамота, колку што знам лично, 25 илјади евра билo квадрат во Дубровник. 25 илјади евра! Метар квадратен стан во Дубровник!“, вели Горан од Загреб.

Увидот во статистиката според вредноста на недвижностите покажува дека најмногу паднала продажбата на станови со вредност од 2.000 до 4.000 евра за метар квадратен. Сепак, се зголеми бројот на најскапи продадени станови. Расте и бројот на имоти купени со готовина, а паѓа бројот на станови купени со кредити. Министерот вели – виновни се богатите странци.

„Голем број на недвижности во Хрватска купија странци, кои на овој начин ја покачија цената на недвижностите со поголема побарувачка. Pо правило, странците ги плаќаа овие недвижности во готово, а од друга страна, навистина имаше поскапување на работите, услугите и стока на градежниот пазар“, вели вицепремиерот и министер за просторно планирање Бранко Бачиќ.

Државата подготвува одговор – Националниот план за станбена политика, кој ќе биде претставен летово, бидејќи конечно ги добиле сите потребни податоци од Заводот за статистика.

„Тој концепт не можеше да биде целосно завршен додека не ги добиеме податоците што сега ги анализираме, ги спроведуваме и кои се основа за нашиот Национален план за станбена политика, кој, сега ќе ви кажам, ќе го презентираме пред летото, т.е. пред 5 август, пред владата да оди на двонеделна пауза“, откри министерот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СКАНДАЛ ТЕЖОК 6,5 МИЛИОНИ ЕВРА НА ПОВИДОК ВО УЈП Група

08/04/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА ПРАВИ ТЕАТАР НАМЕСТО ДА СЕ ГРИЖИ ЗА ЖЕНИТЕ ЖРТВИ

08/04/2026
Македонија

СДСМ И НАТАМУ ПРОДОЛЖУВА ВО ОНА ШТО Е НАЈДОБАР Растурање

08/04/2026
Македонија

3,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОД САД ЗА ЈАКНЕЊЕ НА МВР Дијалогот

08/04/2026
Македонија

ЗАКОН КОЈ ГО НОСИ ПЕЧАТОТ НА ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА Законот за

08/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПЕРИОД НА ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Од четврток ќе застуди, в

07/04/2026
Македонија

Велев за 4ТВ: Нема доволно терапија за дијабетичарите, сензори нема

07/04/2026
Македонија

Марјановиќ: Пациентите мислат дека треба постојано да прават скенови, враќањето

07/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42231
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СКАНДАЛ ТЕЖОК 6,5 МИЛИОНИ ЕВРА НА ПОВИДОК ВО УЈП Група од луѓе и фирми на

08/04/2026

Група од десетина луѓе и фирми испумпала 6,5 милиони евра од државниот буџет преку даночно затајување, измама и перење пари

ОПОЗИЦИЈАТА ПРАВИ ТЕАТАР НАМЕСТО ДА СЕ ГРИЖИ ЗА ЖЕНИТЕ ЖРТВИ НА НАСИЛСТВО Пешевска упати острa

08/04/2026

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, денеска упати остри критики до колешките од опозицијата за нивното однесување на седницата на Комисијата

СДСМ И НАТАМУ ПРОДОЛЖУВА ВО ОНА ШТО Е НАЈДОБАР Растурање пердуви и ширење лаги

08/04/2026

СДСМ на денешната прес-конференција ја продолжија политиката што најдобро ја знаат, а таа е растурање на пердуви во јавноста и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy