Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Рашковски: Софтверот е целосно реализирани во првите 80 дена
Македонија

Рашковски: Софтверот е целосно реализирани во првите 80 дена

14/03/2023

AA

Генералниот секретар на Владата и кое било друго раководно лице не доставува барање до Владата за да му одобрат нешто за набавка. Тие барања се даваат кога се одобрува Буџет. Јас моето барање сум го реферирал пред министер, пред Владата и Собранието, кога сум реферирал зошто се барани тие средства, изјави поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски на денешното рочиште за случајот „Софтвери“, одговарајќи на прашање од обвинителството „дали доставил информација до Владата дека ќе набави софтвер“.

Одговарајќи на вкрстено прашање на јавниот обвинител дали како генерален секретар до Владата доставил намера за ваква набавка, Рашковски рече дека нема потреба од доставување на таква информација.

Прашан дали имал одобрување од Владата за набавка на софтверот, Рашковски рече дека нема, затоа што немал потреба да побарува и затоа не може да има.

Додека во однос на тоа дали има информација од него до Владата за фазите од имплементацијата, Рашковски рече дека според тендерска информација, потврдувањето на фазите е работа што ја прави договорниот орган.

– Софтверот е целосно реализирани во првите 80 дена. Не може да барате потврдување на фази на имплементација, кога пред вас имате готов производ, рече Рашковски.

Откако обвинителката укажа на исказ на едно од вештите лица дека не биле доставени податоците од МВР, Рашковски рече дека софтверот работи и без дата базите од МВР, односно дека тие се потребни за да може да изрекувате казни.

На вкрстено прашање од Обвинителството „дали текстот од тендерската документација во голем дел се поклопува со текстот од неговото патентно барање“, Рашковски рече дека приказот на техничкиот проблем, по Законот за авторски права, не е составен дел од патентните барања.

Во однос на тоа дека нема запис за присуство на работа во Владата за лицата ангажирани со авторски договор, Рашковски рече дека има запис за тоа што е сработено од нив.

– Не знам што повеќе треба од тоа. Јас имам 5 430 состаноци додека сум бил генерален секретар во Владата и од ниту еден нема записник, зошто тоа е бирократизирање на работата, рече Рашковски.

На денешното рочиште заврши изведувањето на материјалните докази од одбраната, а нејзин предлог Рашковски даде исказ пред Судот, по што беше вкрстено испрашан и од јавната обвинителка Маја Конеска.

Судскиот процес се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска.

Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „злоупотреба на службена положба и овластување“ од Кривичниот законик.

Следното рочиште за случајот „Софтвери“ е 30 март.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy