РАМА ВО СОЛУН: Вети дека Албанците ќе го учат албанскиот јазик
Aлбанскиот премиер Еди Рама се сретна со Албанците во Грција и вети дека тие ќе учат албански јазик. Рама објави дека ќе се потпише договор со кој албански деца во Грција ќе можат да го учат својот мајчин јазик.
На средбата се вееја албански знамиња, се пееја албански песни, а дел од присутните носеа традиционална облека. Настапија и албански музички ѕвезди.
„Албанија се надева дека ќе влезе во Европска Унија до 2030 година“, кажа премиерот Еди Рама на средбата со албанската дијаспора во Грција, што се одржа во хотел во Солун.
Рама вети дека многубројните албански иселеници за првпат ќе можат да гласаат на парламентарните избори во Албанија, што ќе се одржат напролет 2025.
Тој вели дека односите со Грција се одлични, иако постојат спорови помеѓу двете држави. Ова кулминираше со случајот на Фреди Белери, етнички Грк кој лани е избран за градоначалник на албанскиот приморски град Химаре откако заврши во затвор. Згора на тоа, Белери во јуни беше избран и за европратеник. Имаше стравувања за националистички протести, но пред хотелот се појавија само дваесетина луѓе.