Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РАМА: Во 2030 година ќе го кренеме знамето на Скендербег во дворот на ЕУ
Регион

РАМА: Во 2030 година ќе го кренеме знамето на Скендербег во дворот на ЕУ

25/10/2024

AA

И покрај политичко-медиумската борба во Тирана, во 2030 година ќе го кренеме знамето на Скендербег во дворот на ЕУ, вели албанскиот премиер Еди Рама. Тој утре во Њујорк ќе одржи уште една од најавените серија средби со албанската дијаспора, што ги почна во мај годинава.

Тој веќе е во Њујорк и споделувајќи фотографии со објекти на кои се поставени плакати за средбата, што ќе се одржи под мотото „Горд за Албанија“, тој ја коментираше и политичката ситуација во земјата.

„Во Њујорк на средба со Албанците од Америка. Горд за Албанија, за која денес се зборува во суперлатив насекаде во светот и целосно свесен за извонредните предизвици на патот до врвот во 2030 година, кога со моќта на нашиот сојуз и покрај политичко-медиумската борба во Тирана, ќе го кренеме знамето на Скендербег и Исмаил Ќемали (прв албански премиер кој ја прогласил независноста на земјата) во дворот на Европската Унија“, напиша Рама.

Ќе зборува и за начинот на гласање на дијаспората. Првата средба тој ја одржа албанската дијаспора во Атина на 12 мај. Потоа посети и други земји. Албанија месецов почна преговори со ЕУ. Maкедонија заостана на европскиот пат. 

Инаку, неодамна имаше инциденти во Тирана, пратеници запалија столчиња пред Собранието, а потоа имаше и други нереди. 

foto Facebook/Edi Rama

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Исплатена финансиската помош за онколошките пациенти кои ги исполниле условите

18/08/2026
Македонија

Пожар избувна во автобус на ЈСП кај Цветово, возачот го

18/08/2026
Македонија

166 пешаци санкционирани за сообраќајни прекршоци, најголем дел преминувале улица

18/08/2026
Македонија

Стотина пријави за угинати птици пристигнале до АХВ, апел да

18/08/2026
Македонија

Армијата одбележа 34 години: Сиљановска, Мисајловски и Лафчиски со пораки

18/08/2026
Македонија

Четврта жртва од западнонилска треска во земјава, 20 пациенти се

18/08/2026
Македонија

25-годишник извршил обљуба врз 14-годишно девојче со кое бил во

18/08/2026
Македонија

Приведен 24-годишен скопјанец: Физички ја нападнал својата бремена сопруга

18/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45091
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Исплатена финансиската помош за онколошките пациенти кои ги исполниле условите

18/08/2026

Финансиската поддршка за онколошките пациенти во Скопје кои ги исполниле условите за помош е исплатена, информираше градоначалникот на Град Скопје,

Пожар избувна во автобус на ЈСП кај Цветово, возачот го изгаснал со противпожарен апарат

18/08/2026

Пожар избувнал во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) во близина на селото Цветово, Скопско, при што, за среќа, нема

166 пешаци санкционирани за сообраќајни прекршоци, најголем дел преминувале улица надвор од пешачки премин

18/08/2026

Засилена сообраќајна контрола насочена кон безбедноста на пешаците спроведе Министерството за внатрешни работи на територијата на целата држава. Во текот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy