Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Радев вели уставните измени се само првиот чекор од низата барања – Агелер: Најважно е што ќе сработите тука, а не што вели Радев
Македонија

Радев вели уставните измени се само првиот чекор од низата барања – Агелер: Најважно е што ќе сработите тука, а не што вели Радев

20/07/2023

AA

Не сум разговарала ниту со Ескобар по неговото излагање, ниту со Радев, но не е важно да се фокусираме толку на тоа што тие го кажуваат, тука на тоа што е направено тука, бидејќи на крајот на денот, ако луѓето тука се посветени на ЕУ не е важно што велат Габриел или Радев, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер, одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Амбасадата на САД во Скопје.

На прашањето на новинар да даде коментар на последната изјави на специјалниот американски пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар во која тој најавува ангажаман со новата бугарска Влада за да се спречат натамошни блокади на интеграцијата на земјава во ЕУ и на изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека уставните измени се само првиот чекор од низата барања кои понатаму ќе следат, Агелер истакна дека она што е важно за граѓаните и за евроинтегративниот процес е државата да се фокусира на тоа што таа треба да го стори на тој пат.

– Иако многу работи се кажуваат во оваа земја, во Бугарија, во останатите земји од регионот, сепак, сите сакаат да ја видат земјава да се движи кон членство во ЕУ, рече Агелер.

Таа нагласи дека Ескобар одржува интензивни контакти и зборува со сите чинители во процесот тука и оти неговата најголема надеж е дека Северна Македонија и региониот прават се што можат за да се движат кон европските и евроатлантските интеграции.

Специјалниот американски пратеник за Западен Балкан Габриел вчера во дебатата за Западен Балкан пред Поткомитетот за надворешна политика на Конгресот на САД, кажа дека Вашингтон го поддржува процесот за уставни измени што треба да го овозможи пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, а е ангажиран и со новата Влада на Бугарија за да се осигура дека нема да поставува нови барања.

– За да ги унапреди своите аспирации за ЕУ, Владата на Северна Македонија е посветена да се спроведат уставни измени за признавање на бугарското малцинство. Силно го поддржуваме овој тежок, но неопходен чекор, а исто така сме ангажирани со новата влада на Бугарија за да се осигураме дека нема да поставува нови барања откако Северна Македонија ќе ги исполни своите обврски од постоечките договори, рече Ескобар.

Бугарскиот претсдеател Радев, пак, вчера во коментар за предложените измените на Уставот на Северна Македонија, кажа дека тоа е првиот многу важен и задолжителен чекор, но не и последниот.

– Од исклучителна важност е исполнувањето на барањата во двата потпишани протокола, кои се составен дел од преговарачката рамка за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Конечно дојде да се придвижи прашањето за гарантирање на уставната рамноправност на Бугарите во Република Северна Македонија, рече Радев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy