Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РАЦИИ ВО ВАЛОНА ПО НАПАДОТ СО КАЛАШНИКОВ НА ТОП ЧАНЕЛ И УБИСТВОТО НА КОЛА: Пронајдени се куршуми и во канцелариите
Регион

РАЦИИ ВО ВАЛОНА ПО НАПАДОТ СО КАЛАШНИКОВ НА ТОП ЧАНЕЛ И УБИСТВОТО НА КОЛА: Пронајдени се куршуми и во канцелариите

27/03/2023

AA

Полицијата на Валона официјално потврди за Albanian Post дека во крајбрежниот град имало проверки за откривање на сторителите кои го извршија нападот врз зградата на ТВ Топ чанел и при тоа загина 60-годишниот вработен во обезбедувањето Пал Кола. Попладнево, според извори на Репортерс, приведени две лица осомничени за поврзаност со вооружениот напад. За кои се вели дека се уапсени во Валона и дека по потекло се од Скадар.

Акцијата за претрес се врши во соработка со полициски службеници од Тирана.

Albanian Post наведува дека властите не споделија детали или други информации поврзани со овој развој на настаните.

Според првите изјави, познато е дека истрагата ќе се однесува на обвинението за „убиство во квалификациски околности“ на штета на Пал Кола.

Вработените кои
биле присутни во зградата во моментот на тешкиот инцидент се сослушани бидејќи
истражителите ги сметаат за сведоци.

Адвокатката
Ардита Соколи за Albanian Post објаснува дека една од причините зошто можеби е
одлучена истрагата по ова обвинение е затоа што сторителите „ги загрозиле
животите на многу луѓе“.

Според неа, ова
обвинение е казниво со затвор најмалку дваесет години или доживотен затвор.

Како што наведува
Albanian Post, пукано е најверојатно со калашников, а другите куршуми кон
зградата на Топ чанел (вкупно 25), освен што ја оштетиле главната фасада на
телевизијата, ги загрозиле животите и на другите вработени.

При набљудување
на надворешното и внатрешното опкружување, полицијата запленила бројни чаури и
внатре во канцелариите.

Од прелиминарните
податоци се наведува дека веднаш по атентатот сторителите ја напуштиле Тирана.

Од прегледите на
безбедносните камери, истражниот тим се надева дека ќе ја открие маршрутата на
возилото по кое патувале убијците пред да пукаат во Топ чанел.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
Македонија

Зголемена казната на 20 години затвор за Илија Панов за

07/08/2026
Македонија

Народниот правобранител отвори предмет за водата во Гостивар оти добиените

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична состојба

07/08/2026

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти Министерството

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца минувачи

07/08/2026

Денеска, кај Камениот мост во центарот на Скопје, двајца случајни минувачи со навремена и храбра реакција извлекле жена од реката

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска на улицата „Радишанска“ во скопската населба Радишани, животот го загубил 19-годишен мотоциклист,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy