Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Работоспособните приматели на социјална помош ќе треба да се вратат на работа
Македонија

Работоспособните приматели на социјална помош ќе треба да се вратат на работа

15/03/2023

AA

Евидентно е дека имаме недостиг на работна сила, но имаме и голем број на домаќинства приматели на гарантирана минимална помош, кои се работоспособни. Правиме измени во Законот за социјална заштита за да ги вратиме на пазарот на труд, изјави министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска во „24 анализа“ на ТВ24.

Таа додаде дека државата не може да си дозволи со години некои луѓе да ги става во системот за социјална заштита, тие таму да се навикнат и да не работат.

Со измените на законот нема да може да се одбива работа ако се приматели на гарантирана минимална помош. Условите за влез во системот на заштита беа олабавени поради коронакризата, но време е да ги заостриме критериумите. Треба да ги вратиме на пазарот на труд сите кои три години се во системот на социјална заштита и се осеќаат комотно, а можеби работат на црниот пазар и во сивата економија, истакна Тренчевска.

Министерката додаде дека тие нема да ги загубат сите права од социјалната заштита, со цел да биде попримамливо пријавувањето за работа.

Тренчевска нагласи дека за недостигот на работна сила ќе се прави и реорганизација на јавната администрација.

Треба да се прави и реорганизација на јавната администрација. Може да имаме поголемо зголемување на платите таму ако имаме помала и поефикасна јавна администрација, изјави Тренчевска.

Министерката додаде дека државата едно по едно ги решава проблемите, но дека доколку и покрај овие преземени чекори се види дека недостасува работна сила ќе се размислува за увоз на работници од други држави.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy