Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Работната група за уставни измени одржа седница – избрани претседател и заменик претседател
Македонија

Работната група за уставни измени одржа седница – избрани претседател и заменик претседател

26/04/2023

AA

Работната група за подготвување на предлог иницијатива за потребата од измени на Уставот на Република Северна Македонија денеска одржа констититутивна седница.

Членовите, како што соопшти Министерството за правда, едногласно ги избрале претседателот и заменик-претседателот на работната група кои се од редот на експертите. За претседател е Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, а за заменик претседател Бајрам Положани, поранешен судија во Уставниот суд и професор по уставно право.

Предлагач на уставните измени е Владата, која го задолжи Министерството за правда да формира работната група. Работната група ќе има за задача да ја подготви предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот на Република Северна Македонија. По изготвувањето предлогот ќе биде доставен до Владата која ќе треба да ја поднесе иницијативата во Собрание. Предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието.

Работната група има 23 членови од кои десет се од редот на експертите, десет се предлози на политички партии и тројца се членови се од институции, Кабинет на претседател, МНР и СЕП.

Министерот за правда Кренар Лога и неговата заменичка Викторија Аврамовска Мадиќ им посакаа успешна работа на членовите на работната група и им порачаа дека ова е историска шанса за остварување на нашата стратешка цел, членството во ЕУ, се наведува во соопштението на МП.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy