Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „QR Пракса” меѓу средношколците – Учењето почнува кога ќе заврши
Македонија

„QR Пракса” меѓу средношколците – Учењето почнува кога ќе заврши

29/10/2023

AA

Пишување на Биографија (Curiculum Vitae), Мотивациско писмо, Симулација на Интервју за работа … се дел од наставните содржини на третиот модул за стекнување на тн.„меки вештини”, кој во рамките на проектот Кју-Ар Пракса – База на вештини, се спроведува со дел од учениците на СОУ „Таки Даскало” во Битола.

Околу 60 ученици од трета и четврта година активно учествуваа во интерактивните работилници, во кои, не само низ теоретски дел, туку низ спонтана практична игра, имаа можност, не само да стекнат и осознаат нови знаење и искуства, туку и да споделат свои мислења, доживеани ситуации и конструктивни предлози за образованието, стопанството и општеството воопшто.

На изненадување на организаторите од Здружението за афирмација на дигиталната култура Кју-Ар Општество од Битола, и на предавачите кои во изминатите недели работеа со нив, средношколците покажаа исклучителна свесност за општествените прилики, фокусираност кон иднината и необична зрелост за возраста.

Човек учи додека е жив;
Теоријата е немоќна без пракса;
Она што не се работи со љубов е измачување;
Визуелизирај го работодавачот кога се подготвуваш за интервју;
Имај пред очи конкретен човек кому му пишуваш Мотивациско писмо…

Се дел нивните заклучоци, поговорки, стекнати ставови и расудувања и искрени ученички совети во врска со темите.
Впечатокот е дека, независно од своите идни планови за студирање, промена на струка или кариерно насочување во сосема друг правец, сите средношколци се едногласни дека ПРАКСАТА е елементот кој е клучен и кој недостига во образованието кај нас, не само во средните стручни училишта, туку и натаму во текот на студиите.

Предавачите велат дека посебно охрабрува фактот, што речиси сите ученици изразуваат силна желба да се вклучат во било каква орактична работа уште за време на школувањето, поаѓајќи од ставот дека СЕКОЕ ИСКУСТВО Е ДОБРЕДОЈДЕНО и дека вистинскито знаење не се стекнува со Диплома, туку преку ПРАКТИЧНА РАБОТА.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy