Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Путин за тензиите во Русија: Организаторите на бунтот ќе одговараат за предавство на татковината
Македонија

Путин за тензиите во Русија: Организаторите на бунтот ќе одговараат за предавство на татковината

24/06/2023

AA

„Она што го гледаме е прободување нож во грбот на државата и народот“, рече рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето до своите сонародници во саботата, пренесоа светските агенции.

Изјавата доаѓа по постапките на началникот на приватната армија „Вагнер“ Евгениј Пригожин. Тој го обвини Министерството за одбрана дека ги гранатирало неговите позиции и убило 2.000 борци на групата. Пригожин изјавил дека се одмаздува и ги повикал своите војници да маршираат кон Москва на „Марш за правда“. Според него, ова не бил воен удар.

Во своето обраќање до нацијата, Путин повика на единство во сите руски сили и надминување на разликите. Тој ги опиша постапките на Пригожин како „бунт и авантура“ и рече дека земјата ќе се брани од внатрешно предавство и вети остри казни за бунтовниците.

„Прекумерната амбиција доведе до предавство. Предавство и предавство! Да се ​​предизвика секаков вид на метеж е смртоносна закана. Нашите постапки ќе бидат брутални. Секој кој свесно тргнал по патот на предавството и уцената и го подготвил вооружениот бунт, ќе ја претрпи својата неизбежна казна. Организаторите ќе одговараат за предавство на татковината“, рече шефот на државата.

Армијата и агенциите за спроведување на законот ги добија потребните наредби.

Ситуацијата во градот Ростов на Дон и понатаму е комплицирана. Работата на раководните тела е блокирана, но ќе се преземат активности за стабилизирање на ситуацијата, изјави и рускиот претседател.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
Македонија

Успешна спасувачка акција на Пелистер: Спасено повреденото лице

16/08/2026
Македонија

Туристи се качуваат по црквата „Св. Никола“ во Маврово, граѓаните

16/08/2026
Македонија

Експлозија во куќа во Бардовци: Оштетени скали, прозорец, возило, порта

16/08/2026
Македонија

Мицкоски по кривичните за водата во Гостивар: СДСМ го штити

16/08/2026
Македонија

Не паничете: Во касарна „Илинден“ утре ќе има почесна артилериска

16/08/2026
Македонија

Спасувачка акција на Пелистер кај Мало езеро, има повредено лице

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45050
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy