
ПУТИН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМА НАЈАВА? Кремљ нареди само едно!
Рускиот претседател Владимир Путин наскоро ќе го објави своето учество на претседателските избори во 2024 година, што би му овозможило да остане на власт до 2030 година, пишува Комерсант, повикувајќи се на неименувани извор.
Според рускиот весник, Путин во ноември, на отворањето на меѓународната изложба и форум „Русија“ би можел да објави дека ќе учествува на изборите што ќе се одржат во март следната година.
Сепак, тој наведува дека има и други можни сценарија, а конечната одлука ја има претседателот на Русија.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека не знае ништо за официјалниот почеток на претседателската кампања.
„Не знам дека почетокот на претседателската кампања ќе биде официјално објавен во ноември. Да бидам искрен, немам такви информации“, рече Песков, одговарајќи на прашање за време на прес-конференција.
Тој посочи дека јавноста ќе биде навремено информирана доколку Путин планира да присуствува на форумот.
Што се однесува до форумот, доколку претседателот има такви планови, навремено ќе ве информираме“, рече Песков, пренесе Танјуг.