Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Путин пак се кандидира за претседател
Македонија

Путин пак се кандидира за претседател

08/12/2023

AA

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот потврди дека ќе се кандидира за нов мандат на претседателските избори во 2024 година, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.

Путин на состанокот со учесниците на церемонијата на доделување воени награди во Кремљ во петокот рече дека ќе се кандидира за уште еден шестгодишен мандат.

Ова се случи еден ден откако руските пратеници објавија дека изборите ќе се одржат на 17 март 2024 година.

Претседателката на Централната изборна комисија Ела Памфилова изјави дека изборите ќе траат три дена – од 15 до 17 март.

Според неа, овој формат веќе станува традиционален за рускиот изборен систем.

Таа потсети дека за безбедност на граѓаните за прв пат е искористено тридневното гласање за време на пандемијата.

Соопштението следи по повеќемесечните шпекулации за тоа дали 71-годишникот, кој е на власт од 2000 година, планира да бара уште шест години на функцијата по уставните измени во 2020 година, му дозволуваат повторно да се кандидира.

Владимир Путин беше избран за претседател на Русија четири пати во 2000, 2004, 2012 и 2018 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Клековски: Пад на употребата на антибиотици, „дијазепам“ и „метформин“ меѓу

25/06/2026
Македонија

Младите заминуваат, инвестициите чекаат: Македонија сè уште нема одговор на

25/06/2026
Македонија

Во вторник ќе се знаат кадровските измени во Владата

25/06/2026
Македонија

ИСТОРИЈА ВО ЛОНДОН: Лина Ѓорческа е првата Македонка на Вимблдон!

25/06/2026
Македонија

Мицкоски до Филипче: Виновен сум што не сте во затвор,

25/06/2026
Македонија

Филипче до Мицкоски: Вашата опсесија со поранешни функционери е за

25/06/2026
Македонија

Нови правила за електричните тротинети: Само над 18 години и

25/06/2026
Македонија

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило, тројца возеле без

25/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy