
Пукање на Смилковско езеро
Попладнево имало пукање на скопската обиколница, во близина на Смилковско езеро, дознава ТВ21. Непознати лица пукале во височина, и само ги исплашиле лицата кои биле во близина. Потоа избегале во непознат правец. Овој инцидент се случи во близина на местото каде во 2012 година беа убиени пет лица. Повеќе детали се очекуваат наскоро од МВР.