Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сиљановска го помилуваше, a полицијата повторно го уапси Акиф Јусуфи за убиство
Магазин

Сиљановска го помилуваше, a полицијата повторно го уапси Акиф Јусуфи за убиство

24/10/2024

AA

По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници од Министерството за внатрешни работи денеска непосредно по излегувањето од КПУ „Идризово“ – Скопје лишија го уапсиле Акиф Равмановски (попознат како Акиф Јусуфи од скопскиот клан „Барон“), кој со Одлука на Претседателот на Република Северна Македонија извршувањето на изречената казна затвор му беше заменето со условна осуда.

Равмановски е уапсен оти за него е поведена истрага за ново кривично дело – убиство.

„За лицето се водеше претходна постапка во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир. Вештачењата за присуство на барутни честички кои беа извршени по наредба на јавниот обвинител ги потврдија првичните сознанија дека сега осомничениот со огнено оружје – пиштол испукал неколку истрели во правец на оштетениот со умисла да го лиши од живот и му нанел прострелна рана во пределот на ногата“, соопшти Јавното обвинителство.

Веднаш по пристигнување на вештиот наод, денеска е донесена Наредба за истрага на осомничениот, а до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје ќе биде доставен предлог за определување мерка притвор.

За истиот настан, по поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против три лица, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – учество во тепачка.

Одлуките за помилување на претседателката на државата се по препорака на Комисијата за помилување, која е постојано работно тело во служба на претседателката.

Прв на списокот на целосно помилувани беше Акиф Равмановски чие име во јавноста се поврзува со скопски нарко клан. На листата се најде и името на Шенол Маслани од Арачиново. Маслани во 2019 година беше уапсен во голема акција кога полицијата заплени пушки, пиштоли, луксузни автомобили, пари и дрога. Тој беше уапсен под сомнение дека е член на група која се заканувала на полицаец, продавала дрога и поседувала оружје. На Маслини, Равмановски и на Никола Трпчески од Охрид извршувањето на затворската казна, според одлуката за помилување, им се замени со условна.

Од оние кои делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на казната се поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талевски и Маријан Ефремов (осуден за случајот Шпион), потоа Мухарем Али, Тодор Попов, Томислав Симонов, Перо Кузмановски и Живко Делиџаков.

Од опозициската СДСМ испратија директна порака до Сиљановска Давкова дека ова е скандалозна одлука и побараа истата да ја повлече.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy