
ПСЖ во Бенфика ја најде замената за Мбапе
ПСЖ се подготвува за живот без Мбапе, Луис Енрике ќе добие нов напаѓач, а ако преговорите завршат успешно, тоа ќе биде Рамош од Бенфика.
Наводно францускиот клуб веќе ги договорил личните услови со Рамош, а сега се обидува да се договори и со Бенфика за трансферот да се реализира.
Бенфика за Рамош сака 80 милиони евра, ПСЖ ја нуди таа сума, но 65 милиони евра плус 15 милиони евра во бонуси.
