Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Доксологија – молитва за татковината во Бигорски
Македонија

Доксологија – молитва за татковината во Бигорски

02/08/2023

AA

– Во рамки на Илинденските чествувања во познатиот Бигорски манастир, беше извршен и чинот на доксологија – молитва за татковината.

-Според востановената традиција беше извршен чинот на Доксологија (Славословие), во кој се принесуваат молитви за вечен спомен и блажено упокоение на сите кои се бореле и паднале во светите борби за верата и Татковината, особено во Илинденското востание, информираа од Бигорскиот манастир.

Ова е востановена традиција токму од игуменот на манастирот епископот Антаниски г. Партениј.

Претходно, традиционално како и секоја година, во славното мијачко село Лазарополе владиката Партениј, отслужи Божествената Евхаристија, а пак, лазоровците со особена љубов и гостопримство го пречекаа.

-Тоа село изнедрило големи црковни великани, општествени дејци, просветители и уметници. Бројноста на присутните во храмот изненадува и потсетува на старите времиња на Преродбата кога животот во селото цутел и плодоносел. Грижливиот дух на нашиот Старец за зачувување на христијанските вредности, особено на семејните, коишто славните предци особено ги негувале, гореше со ревност и затоа неговата празнична беседа на Светата Литургија беше исполнета со силен божествен копнеж за нивно заживување, посочуваат од Бигорски.

Богослужението беше збогатено и разубавено од прекрасните гласови на црковниот византиски хор „Митрополит Козма Пречистански“ од Кичево, кој со несебична пожртвуваност и ентузијазам се трудат во тоа богоугодно рамноангелско дело.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Силниот ветер направи штети и на Градските гробишта „Бутел“

23/07/2026
Македонија

Над 300 илјади боледувања во 2025 година: Министерството најавува промени

23/07/2026
Македонија

Аларм во Крушево: Водата од градскиот водовод е бактериолошки неисправна

23/07/2026
Македонија

Трет ден нефункционален системот на Пошта: Се работи на отстранување

23/07/2026
Македонија

Клековски: Нема нови хоспитализации во Гостивар, но мерките остануваат на

23/07/2026
Македонија

Мајка и 14-годишен син задржани во Неготино по пријава за

23/07/2026
Македонија

Мицкоски: Водата во Гостивар најпрво за техничка употреба, до следната

23/07/2026
Македонија

АХВ изврши 70 контроли во Гостиварско: Казнети оператори, пронајдена небезбедна

23/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44597
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Силниот ветер направи штети и на Градските гробишта „Бутел“ – искршени плочи и оштетени

23/07/2026

Силното невреме кое деновиве го зафати Скопје остави сериозни последици низ повеќе делови од градот, а штети се забележани и

Над 300 илјади боледувања во 2025 година: Министерството најавува промени во системот

23/07/2026

Системот за управување со боледувањата во Македонија ќе се анализира и унапредува, откако новите податоци покажаа значително зголемување на бројот

Аларм во Крушево: Водата од градскиот водовод е бактериолошки неисправна

23/07/2026

Центарот за јавно здравје – Прилеп предупреди дека водата од градскиот водовод во Крушево е бактериолошки неисправна и не е

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy