
ПСЖ симна огромен постер со Мбапе кој беше залепен на „Паркот на принцовите“! (ФОТО)
На француска телевизија известуваа со видео дека се симнува огромниот постер од Килијан Мбапе кој стоеше од надворешната страна на „Паркот на принцовите“.
Ова доаѓа откако напаѓачот беше „избришан“ од тимот кој отпатува на подготовки во Азија, а потоа дури и откако се вратија во Париз, тој одново остана одвоен од екипата. Исто така, забележано беше дека беа повлечени дресовите од Мбапе во „фан-шоповите“ на ПСЖ.
PSG appear to be removing the poster of Kylian Mbappé outside of their stadium, the Parc des Princes.
— ESPN FC (@ESPNFC) August 8, 2023
Мбапе го навлече бесот откако уште во јуни го извести клубот дека нема намера да ја искористи клаузулата која стои во договорот за продолжување на соработката до јуни 2025. Вака договорот истекува по крајот на сезоната 2023/24, а од клубот дошле до докази дека 24-годишниот напаѓач веќе се договорил со Реал Мадрид за премин идниот јуни, како слободен играч.