Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кумановскиот градоначалник Димитриевски бара зголемување на пензиите
Македонија

Кумановскиот градоначалник Димитриевски бара зголемување на пензиите

08/08/2023

AA

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски бара да се зголемат пензиите. Во денешното соопштение за медиумите, Димитриески пишува дека надлежните треба да информираат со колку средства располага фондот и нагласува дека при градењето на праведна држава, важно е еднаквото зголемување на приходите за сите категории граѓани.

-Надлежните итно и најтранспарентно да ја информираат јавноста со колку средства располага пензискиот фонд. Недозволиво е за политичката елита седумдесет и осум проценти покачување на платите додека пак на пензионерите шест проценти. Доколку градиме праведна држава тогаш праведно е процентуално подеднакво покачување на приходите за сите. Да се намали на функционерите и подеднакво да се распредели на останатите, бара градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

За Димитриевски, барањата на пензионерите кои преку протестни собири бараат линеарно покачување на пензиите се реални и неопходни, истакнувајќи дека токму тие своевремено беа финансискиот столб во семејството, а денеска се сведени на преживување и елементарна егзистенција на нивните семејства.

-Токму овие генерации на граѓани со лопата и крампа изградија сè во државата и сведоци се како поединци во политиката разграбаа се! Нивните одбитоци за пензиско и инвалидско осигурување во минатото беа основа за создавање на пензискиот фонд, денеска тие не го користат ниту делумно тоа што го уплаќале тогаш. Нема потреба да донираме и да се рекламираме секој месец по социјални мрежи и медиуми, тие средства се граѓански и од буџетот на Македонија нека ги усогласат платите и распределат средствата со Закон, порачува Димитриевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy