
ПСЖ негира дека Луис Енрике сака да си оди: Тоа се глупости!
„Денешните гласини се толку смешни, што се комплетно далеку од реалноста“, му рекол портпаролот на ПСЖ на Фабрицио Романо.
Францускиот клуб како тотални бесмислици ги нарече пишувањата на „Марка“ дека Луис Енрике си заминува.
Тие негираат дека и директорот Луис Кампос си оди. Се појавија гласини дека и тој ќе замине од клубот.
