Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Првпат во историјата: Ќе се изврши вештачко затемнување на Сонцето
Магазин

Првпат во историјата: Ќе се изврши вештачко затемнување на Сонцето

17/04/2024

AA


Европската вселенска агенција – ЕСА ја почна програмата „ПРОБА-3“ со што ќе се обиде да изврши тест со вештачко затемнување на Сонцето. Ова е прв ваков научен потфат во историјата.

Во рамките на оваа мисија, би требало да бидат поставени два сателити што ќе ја проучуваат Сончевата Круна, односно надворешниот слој гасови што ја опкружува нашата најблиска ѕвезда, што ќе овозможи нови научни сознанија. Најголемиот предизвик е високата прецизност што проектот ја бара, а искуството што ќе го стекне ЕСА во рамките на оваа мисија ќе се користи за идните вселенски патувања и потфати.

Сателитите се склопуваат во Белгија, од каде што ќе бидат преместени во Индија и ќе бидат испратени во Земјината Орбита во септември оваа година.

Вселенските летала „Коронаграф“ и „Окултер“ ќе бидат поставени во формација чија прецизност се мери во милиметри, а на првично меѓусебно растојание од 144 метри. Вреди да се напомене дека затемнувањето предизвикано од сателитите нема да биде видливо на Земјата.

„Окултер“ ќе лета поблиску до Сонцето и ќе го блокира дискот, фрлајќи сенка за другиот сателит, на ист начин како што Месечината фрла сенка на Земјата во природното затемнување на Сонцето. Ова ќе му овозможи на „Коронаграфот“ да ја сними Круната, што во нормални, природни околности, е невозможно, поради заслепувачката светлина од Сонцето.

Проучувањето на Сончевата Круна ќе им помогне на научниците да ги предвидат сончевите геомагнетни бури, коишто влијаат на вештачките сателити, на комуникациите и на енергетските мрежи на Земјата.

– Тоа ќе ни помогне подобро да разбереме и многу други работи, како што е потеклото на сончевите ветрови. Сѐ уште има некои прашања на коишто немаме одговори, особено оние кои се однесуваат на бавните ветрови. Бавните ветрови се оние што варираат и не се хомогени и униформни. Сѐ уште не е сигурно од каде доаѓаат, вели Андреј Жуков, истражувач во Кралската опсерваторија во Белгија.

Зборот „ПРОБА“ е англиска кратенка за „Project of Onboard Autonomy” (Проект за достапно самоуправување) и исто така значи и „обид“ на латински и некои други јазици.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy