Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Првиот говор на Ердоган по победата: Победници се сите наши граѓани
Македонија

Првиот говор на Ердоган по победата: Победници се сите наши граѓани

28/05/2023

AA

Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека вториот круг од претседателските избори е завршен по волјата на народот и им се заблагодари на сите што ја исполниле таа граѓанска должност.

Во своето прво обраќање по изборите, Ердоган рече дека победник на изборите и денес е Турција, односно сите 85 милиони нејзини граѓани.

„Рековме дека ќе победиме на начин на кој никој нема да биде губитник. Така, единствениот победник е Турција “, рече Ердоган.

Врховната изборна комисија на Турција соопшти дека се преброени 75,42 отсто од гласачките ливчиња и дека Ердоган е во водство со 53,41 отсто освоени гласови, додека неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу има 46,59 отсто од гласовите.

Му благодарам на секој член на нашиот народ кој со својот избор уште еднаш ни ја довери одговорноста за управување со земјата во следните пет години“, рече Ердоган во Истанбул.

Нагласувајќи дека и денешните изборни резултати покажале дека никој не може да го загрози напредокот и интересите на Турција, Ердоган рече дека неговата победа ја отворила вратата за визијата на „Векот на Турција“.

Нагласи дека волјата на народот уште еднаш се потврдила на гласачките кутии и рече дека неговата администрација ќе ја оправда довербата што народот му ја дал, како што тоа го направи во изминатите 21 година.

Ердоган отпатува од Истанбул во Анкара, каде се очекува да и се обрати на нацијата во текот на ноќта.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy