Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРВА ЖРТВА ВО НЕВРЕМЕТО ВО СЛОВЕНИЈА, ЗАСТРАШУВАЧКИ ПОПЛАВИ, НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ НИ УТРЕ: Луѓето се немоќни, алармот е кренат на највисоко ниво
Регион

ПРВА ЖРТВА ВО НЕВРЕМЕТО ВО СЛОВЕНИЈА, ЗАСТРАШУВАЧКИ ПОПЛАВИ, НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ НИ УТРЕ: Луѓето се немоќни, алармот е кренат на највисоко ниво

04/08/2023

AA

Едно лице загина во поплавите во Камник на северот на
Словенија за време на невремето што во ноќта меѓу четвртокот и петокот зафати
одредени делови од земјата.

Порталот Камник.инфо наведува дека водата однела постар
жител во атарот на населбата Бистриче. Во петокот наутро полицијата соопшти
дека пред куќа во месноста Камник било пронајдено тело на мештанин, но за жал не можеле да излезат на терен поради поплава.

Силниот дожд предизвика големи поплави во повеќе делови на
Словенија, додека Агенцијата за животна средина (АРСО) алармот го крена на
највисоко ниво бидејќи се очекуваат нови врнежи и поплави.

Податоците на АРСО покажуваат дека во делови од Словенија
веќе наврнале над 100 милиметри дожд за 24 часа, што е просечната месечна
количина на врнежи. Според прогнозата, во сабота ќе продолжи да врне дожд и
црвено предупредување е издадено за повеќе делови од земјава бидејќи реките во
некои населени места се веќе излеани.

Во Коменда, северно од Љубљана, поради поплавите беше
прогласена вонредна состојба, а од луѓето беше побарано да не ги напуштаат
своите домови во Камник, каде што се затворени сите градинки бидејќи патиштата
се блокирани, пренесе агенцијата СТА.

Луѓето мораа да бидат евакуирани од неколку делови на
земјата, вклучително и долината Личница во општина Медводе, северозападно од
Љубљана.

Врнежите предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето и во
северозападниот регион Горење.

Најлоша е состојбата во областа Шкофја Лока во долините Селац и Пољана, кои се
отсечени од светот поради поплавените патишта. Во поширокото подрачје на Шкофја
Лока поплавени се станбени, деловни и други објекти, а одрони им се закануваат
на куќи и патишта. Поплавите и свлечиштата блокираа и неколку патишта во
западниот град Идрија, каде што луѓето се повикуваат да не ги напуштаат своите
домови доколку не е апсолутно неопходно.

Дирекцијата за цивилна заштита и помош при катастрофи
забележа повеќе од 1.000 инциденти поврзани со временските проблеми во рок од
12 часа низ цела Словенија, додека во моментов има околу 170 противпожарни
единици.

Во текот на ноќта пожарникарите испумпувале вода од
поплавените згради, ги спасувале поплавените возила, ги отстранувале остатоците
од под мостовите и обезбедувале одрони.

Луѓето беа евакуирани од најмалку три кампови.

Куќи беа поплавени, а патиштата беа блокирани во други
делови на Словенија, вклучувајќи ги и регионите Толмин и Корушка.

Најобилни врнежи се забележани од четвртокот од 16 часот до
четири часот утринава на метеоролошките станици Пасја Раван северозападно од
Љубљана со 182,7 милиметри на метар квадратен и Вогел и Рудно Поље на Алпите со
над 170 милиметри.

Повеќе од 150 милиметри дожд е забележан на аеродромот во
Љубљана.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy