Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пожарот во Богданци под контрола, нема опасност за ветерниците – екипи активно работат на терен за целосно гаснење!!
Македонија

Пожарот во Богданци под контрола, нема опасност за ветерниците – екипи активно работат на терен за целосно гаснење!!

04/08/2023

AA

Пожарот кој вчера избувна во месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на хидросистемот Дојранско езеро, а се проширил кон Ветерниот Парк Богданци, е ставен под контрола. Во моментов нема активен пожар во непосредна близина на ветерниците.

Пожарникарите од Гевгелија, Валандово, Kавадарци и Штип, заедно со тимови од ДЗС, Национални шуми и ЈКП Богданци активно работат на терен со цел да го заобиколат пожарот од сите страни за да го изгаснат целосно.

Во таа насока РЕК Битола на Центарот за управување со кризи му стави на располагање едно целосно опремено противпожарно возило со противпожарна екипа со цел полесно да се обезбеди заштита на јавниот интерес, како и заштита на животот и имотите на граѓаните.

Пожарот избувнал во носкостеблеста шума и сува трева, бргу зафатил поголема површина и се проширил кон Ветерниот Парк Богданци. Поради тоа превентивно беа исклучени дел од ветерниците (2 групи по 4 ветрници) кои беа најблиску до пожарот и потенцијално загрозени.

Екипи на АД ЕСМ се на терен и утврдено е дека нема никакви штети на ветерниците. Исто така нема никакви сигнали или исклучувања од заштитата во трафостаницата.

По направената проверка на филтрите и јавувачите за пожар во секоја ветерница ветерниците се повторно вклучени во производниот процес.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy