Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Прва меѓународна конференција за Цефиксим во Истанбул, поддржана од „Алкалоид“
Економија

Прва меѓународна конференција за Цефиксим во Истанбул, поддржана од „Алкалоид“

16/03/2024

AA

Како
континуиран и доследен поддржувач на стручни и научни настани кои имаат висок
импакт врз целокупниот развој на фармацијата и медицината во земјава и надвор
од границите, „Алкалоид“ годинава е домаќин на Првата меѓународна конференција
за Цефиксим, која се одржува од 14 до
16 март во Истанбул, Турција.

Меѓу
учесниците на овој значаен настан се вбројуваат и претставниците на „Алкалоид“
и на ентитетите на компанијата надвор од Македонија, како и голем број
здравствени експерти од 12 различни земји.

Оваа
конференција, прва од ваков тип, во својот фокус ја има визијата за подобрување
на секојдневните практики во делот на рационалната употреба на антибиотиците, а
со тоа и за подобрување на квалитетот на услугите за пациентите низ светот.

 

Преку
воведно обраќање и презентација, Генералниот директор и Претседател на УО на
„Алкалоид“, Живко Мукаетов, ги претстави корпоративните перформанси на
„Алкалоид“, особено осврнувајќи се на значењето на настаните од овој тип, кои
ја развиваат и ја надградуваат научната мисла на глобално ниво.

„Освен што е најпрепишуван орален третогенерациски цефалоспорин, Цефиксимот на ’Алкалоид’ е
втор по ранг по произведен волумен во Европа. Цефиксимот е најзастапениот и
водечки производ на ’Алкалоид’ во сегментот фармација, присутен во
клиничката пракса од 1995 година и присутен на пазарите во
над 20 земји во светот“,
истакна Мукаетов, потенцирајќи дека компанијата наскоро планира проширување на производствените
капацитети за
овој својстратешки важен производ.

Повеќе
од 200 учесници и еминентни претставници од областа на фармацијата и медицината
се дел од богатата научна програма на Првата меѓународна конференција за Цефиксим, поддржана од „Алкалоид“.

Тематскиот
дел од Конференцијата го отвори д-р Снежана Петровска, раководител на одделот Глобални медицински работи и безбедност на
лекови
при „Алкалоид“, преку презентација за успешната приказна на алкалоидовиот Цефиксим
низ годините. На панел-сесијата посветена на искуствата за овој дел во
македонски рамки, чиј модератор беше проф. д-р Дејан Докиќ, говореа д-р Александар Сајковски и проф. д-р Сотир
Ставридис.

Стручњаците во делот на фармацијата и
медицината на глобално ниво присутни на настанот се децидни дека успешната
професионална и научноистражувачка соработка со компанијата, која во повеќето
случаи трае со децении, се должи, пред сѐ,на
квалитетот на производите, но и на начинот на кој компанијата го цени и го
вреднува човечкиот фактор, вклучувајќи ги сите засегнати страни во рамките на
системот на дејствување. 

Како
компанија посветена на создавањето можности за
поттикнување континуирана едукација и споделување искуства во рамките на
стручната заедница, веруваме дека Првата меѓународна конференција за Цефиксим, поддржана од „Алкалоид“, ќе даде уште
поголем
придонес во рационалната употреба на антибиотиците, како и во намалувањето на
растечкиот тренд на антимикробна резистенција на глобално ниво.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy