Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Проработе капелата во Тетово за која по грешка наместо за мртовци беше купена комора за чување батаци
Македонија

Проработе капелата во Тетово за која по грешка наместо за мртовци беше купена комора за чување батаци

11/04/2023

AA

Во употреба се пушти капелата во склоп на Градските православни гробишта во Тетово. Иако изградена пред пет години, дури сега е ставена во функција, објави „Слободен печат“.

Од Одделението за православни гробишта при ЈКП Тетово кое управува со капелата за „Слободен печат“ рекле дека се исполнети условите за преземање и третман на починатите лица, кои во капелата ќе ги носат оператори..

„Во изминатиов период се направи доуредување на капелата, се поставија сите елементи за нормално функционирање, се оспособи комората, просторија за давање на сочувство на семејствата и слично. Во комората ќе престојува покојникот, потоа утредента пред да се направи опелото во црква, во капелата во посебна просторија на семејството му се изразува соочуство каде се носи покојникот, а потоа се носи во црква и на крај на градските гробишта“, изјавил Мики Симоски, раководител на Одделението за православни гробишта при ЈКП Тетово.

Сепак, иако се отвори долгонајавуваната капела, тетовци се жалат дека тука не завршуваат нивните проблеми.

„Требаше порано да се пушти во употреба објектот, но како и да е тука не завршуваат нашите проблеми. По опелото во црква, наместо покојниците да ги однесеме во достојно вечно почивалиште ние ги погребуваме во „запуштена ливада“ на новата локација на градските православни гробишта во тетовско Фалише. За неа секоја година има ветување дека ќе се уреди, но таму нема некаков објект, ниту црква, местото не се одржува, не се коси, нема доволно заштитна ограда, па разни животни влегуваат на гробиштата, таа локација треба под итно да се уреди“, раскажал жител на градот под Шар Планина.

Капелата започнала да се гради во 2015 година. Објектот се завршил во 2018, а по цели 5 години е пуштен во употреба.

Пред две години, како што пренесува „Слободен печат“ надлежните изјавиле дека иако капелата е изградена со сите соодветни простории, не може да се употребува поради нефукционалност на комората–ладилник каде треба да се чуваат телата на починатите.

Тогаш изјавиле дека комората била практична само за чување батаци и сувомеснати производи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски: Македонија е меѓу првите три земји во Европа по

19/04/2026
Македонија

ЛАЖНИ СЕ ДОЈАВИТЕ ЗА БОМБИ ВО ТРГОВСКИТЕ ЦЕНТРИ Полицијатa ги

19/04/2026
Македонија

Мицкоски: Разочаран сум што само 210 од „200.000 Бугари во

19/04/2026
Македонија

Лажни дојави за бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд мол“:

19/04/2026
Македонија

МИЦКОСКИ „БЛАГО РАЗОЧАРАН“ ОД ИЗЛЕЗНОСТА НА МАКЕДОНСКИТЕ БУГАРИ Очекува граѓаните

19/04/2026
Македонија

Шведска против вета: Поддршка за Македонија во евроинтеграцискиот процес

19/04/2026
Македонија

Две успешни трансплантации: Семејство спаси животи преку хумана одлука за

19/04/2026
Македонија

СКРАТЕНА КАЗНАТА ЗАТВОР ЗА СУДИЈАТА НАЌЕ ГЕОРГИЕВ Летово ќе излезе

19/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски: Македонија е меѓу првите три земји во Европа по преземени мерки против ценовните шокови

19/04/2026

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека според последната анализа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Македонија се наоѓа во самиот врв во

ЛАЖНИ СЕ ДОЈАВИТЕ ЗА БОМБИ ВО ТРГОВСКИТЕ ЦЕНТРИ Полицијатa ги прoверила објектите на „Ист гејт“

19/04/2026

Лажни се дојавите за поставени бомби во два трговски центра во Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи. Денеска (19.04.2026) на

Мицкоски: Разочаран сум што само 210 од „200.000 Бугари во Македонија“ се пријавиле за гласање

19/04/2026

Премиерот Христијан Мицкоски изрази разочарување од малиот број на пријавени граѓани за гласање на претстојните избори во Бугарија. И покрај

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy