
Проодно кон Грција: Нормализиран сообраќајот на граничниот премин Богородица – Евзони
Од вечерва, сообраќајот на јужната граница се одвива непречено. По претходниот застој, надлежните служби информираат дека состојбата е нормализирана.
Почнувајќи од 21:00 часот, граничниот премин Богородица (од македонска страна) и Евзони (од грчка страна) е повторно отворен за редовен проток на возила и патници.
Нема информации за подолги задржувања на терминалот во моментов.
